Дури и во овие чудни времиња, глетката е доволно необична за да ги сврти главите на минувачите: фигура со шлем во комбинезон и наметка со ситно зелено суштество врзано за градите низ улиците на Њу Јорк. И двете се чини дека доаѓаат од галаксија далеку, далеку. И двајцата носат маски за еднократна употреба преку устата.
Очигледно, маските се целата поента на нивната мисија.
„Јас сум Маскалоријан, давател на маски“, вели фигурата во неговото прво појавување во јавноста, летото 2020 година. „Не е важно дали сте човек или дроид. Мораме да бидеме будни и да направиме се што можеме за да се заштитиме еден со друг“.
Видеата од маскираниот херој собраа милиони прегледи, на социјалните мрежи.
Ликот инспириран од хит-шоуто на Star Wars „The Mandalorian“ на Дизни Плус – е замисла на Мет Адамс, 43-годишен режисер и изведувач. И тоа мало зелено момче кое носи GoPro на градите може многу да личи на Грогу, познат како Детето, познат како Бебето Јода. Но, неговото име е Маску. Заедно, тие подариле околу 1.000 маски.
извор: The Washington Post