• Latest

Царовска: Потребно е отворање засолништа за жртви на насилство

March 7, 2018

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Потребно е отворање засолништа за жртви на насилство

March 7, 2018 15:22
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По ратификацијата на Истанбулската конвенција, во Македонија треба да се воспостават 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку пет кризни центри за жртви на силување и најмалку три центри за жртви на сексуално насилство. Треба да се отворат и повеќе од 20 советувалишни центри за кризна интервенција психолошко советување и бесплатна правна помош.

Сето ова, како што посочи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска треба да придонесе за зголемување на можностите за справување со насилството врз жената.

Таа информира дека по ратификацијата на Истанбулската конвенција се подготвува Национален оперативен план со имплементација, кој ќе биде објавен наскоро откако ќе биде усвоен од Владата.

Според неа, неопходна е едукација на вработените во центрите за социјална работа, министерствата за здравство и за внатрешни работи и на судиите и на јавните обвинители кои, како што рече,  мора да го препознаат насилството и да го санкционираат согласно тежината на стореното дело. Ова, како што потенцира, се клучни промени кои следат за прифаќање на Истанбулската конвенција и интегрирање во нашето општество.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на Катедрата за семејна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје минатата година биле обучени 60 здравствени работници за справување со оваа проблематика, а оти е предвидено овие обуки да продолжат и годинава во соработка со Граѓанската организација „ХЕРА“ и со Фондот за население на ОН.

– Во наредниот период здравствените работници ќе добијат и специјализирани обуки на тема „насилство врз жени“ и „клинички менаџмент на силување“. Министерството за здравство како еден од клучните чинители во оваа сфера подготвува и протокол за обезбедување сеофатен третман и нега при сексуално насилство, рече Филипче на настанот во организација на Канцеларијата на ОН во Македонија по повод Меѓународниот ден на жените.

Тој истакна дека Министерството за здравство во соработка со УНДП  интензивно работи на воспоставување три центри за упатување на жртвите од сексуално насилство, согласно Истанбулската конвенција, еден на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и по еден во болниците во Куманово и во Тетово.

Тие целосно ќе бидат опремени и оспособени за пристап на лицата со физичка попреченост, како што пропишува оваа конвенција.

– Во трите центри здравствените работници ќе даваат услуги по стандардизирани оперативни процедури со кои ќе се превенираат многу животозагрозувачки и потенцијални компликации, а согласно на тоа ќе се спасуваат животи, рече Филипче, кој додаде дека во следните неколку години се планира да се отворат вакви центри насекаде низ Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Венко ФилипчеИстанбулската конвенцијаМила ЦаровскаХЕРА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ