• Latest

Царовска: За Ромите под Кале се уредуваат мини куќички во Визбегово

November 29, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: За Ромите под Кале се уредуваат мини куќички во Визбегово

November 29, 2017 15:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Од акција до еднакви права за Ромите”, беше презентиран денеска на тркалезна маса во Скопје. Во делот на препораките од проектот  наведено е воведувањето на сегрегацијата како посебен вид дискриминација, говорот на омраза да се третира како кривично дело, подобрување на пристапот до правда, подигнување на свесноста за дискриминација, забрзување на процесот на легализација на ромските населби и помош за остварување на право на домување и помош на лицата од Ромската етничка заедница без документи, за добивање на истите.

Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, истакна дека се реализираат мерки со кои се унапредуваат правата и состојбата на Ромите во Македонија. Преземени се чекори за решавање на проблемот со немањето лични документи, инклузија на децата  Роми во претшколските установи преку ослободување од плаќање за семејства во ризик, и привремено е решен проблемот со Ромите кои живееа под скопско Кале.

Министерката посочи дека лицата што живееја под Калето, се сместени во социјални објекти, децата се вклучени во дневни центри, и додаде дека се уредуваат мини куќички во Визбегово каде што ќе бидат сместени. Исто така, додаде и дека е направен список на социјални станови и дека ќе биде објавен оглас за прераспределба.

Извршниот директор на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите – „Сонце“, Ферди Исмаили, кој работеше на проектот, посочи дека за подобро остварување на правата на Ромите,  потребно е во националните мрежи да бидат вклучени и други организации, а не само ромски, со цел и тие да дадат придонес за справување со отворените прашања.

Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.

А.П.

Tags: бездомнициВизбеговоМила Царовскапод КалеРоми
Share593TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ