• Latest

Засега без нови рестрикции и мерки, приоритет е вакцинацијата

July 13, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Засега без нови рестрикции и мерки, приоритет е вакцинацијата

July 13, 2021 09:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Да се вакцинира што поголем број од населението за да стекнеме колективен имунитет, да се заштитиме од другите КОВИД соеви и да спречиме нов бран. Тоа е сега клучен приоритет, порачува министерот за здравство Венко Филипче.

Теренската вакцинација која почна вчера, продолжува и денеска во над 90 населени места.

Ситуацијата засега е мирна и бројките се охрабрувачки. Според последниот биланс, има пет нови случаи, шест оздравени пациенти и ниту еден починат.

Како што вели Филипче, веројатно ќе има и нови мутации, но со рестрикции не може да живееме. Затоа, имунизацијата е многу важна.

-Епидемиолошката состојба е мирна, но акцент треба да се стави на вакцинацијата како механизам за заштита. Вакцинацијата е единствен механизам за зголемување на колективниот имунитет и спречување нов бран. Веројатно ќе има и нови соеви на вируси, веројатно ќе има и нови мутации, меѓутоа со рестрикции не може да живееме, изјави министерот.

Тој додаде и дека не се размислува да се бараат потврди за вакцинација или негативни тестови на корона вирусот за влез во земјава – ниту за наши, ниту за странски државјани.

Филипче вчера најави дека од петок ќе почне вакцинацијата на деца над 12 години со „Фајзер“, чии родители/старатели до четврток ќе се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk. Но, и децата кои немаат здравствено осигурување или немаат одбрано матичен лекар ќе може да се вакцинираат. Информации за термините ќе може да се добијат директно на вакциналните пунктови.

-Секој родител или старател кој сака да го вакцинира своето дете, ќе треба да го пријави на веб страницата vakcinacija.mk, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе почне в петок. Во системот „Мој Термин“ веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12 до 16 години) кои сакаат да се вакцинираат. Сајтот vakcinacija.mk за закажување термини ќе биде отворен до четврток, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Ако родителите или старателите наидат на потешкотии при пријавување на своето дете за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, треба да проверат дали е тоа осигуреник во базата на Фондот за здравствено осигурување.

Откако ќе се види заинтересираноста со регистрирањето на сајтот, ќе се закажуваат термини за вакцина по распоред, бидејќи една вијала содржи шест дози.

И ревакцинирањето со „Астра Зенека“ ќе биде на шест, наместо на 12 недели како досега. Тоа е договорено на состанок со членови на Комитетот за имунизација. Но, и натаму оваа вакцина ќе им се дава само на повозрасни од 60 години.

Во однос на теренската вакцинација, најавите се дека ќе се одвива без прекин, со распоред направен од здравствените домови. Распоредот ќе биде повторувачки. Нема да се оди еднаш во едно оддалечено село или населено место, туку тимот ќе ротира откако сите мали места еднаш ќе бидат покриени согласно распоредот и сето тоа ќе продолжи да се одвива и на терен. Ќе се вакцинираат сите што ќе бидат на местото одредено за вакцинација и што ќе покажат интерес во текот на денот. Тоа ќе се повтори кога ќе заврши циклусот, кога ќе се поминат сите места одредени од здравствените домови.

Досега во земјава се направени 911.154 тестирања, а вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата е 155.802, бројот на оздравени пациенти е 150.132, на починати 5.487, а на активни случаи 183.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ