ДРАГАН МИШЕВ
Судот во Хамбург ја осуди 95 годишната Германка, Урсула Хавербек, позната како „наци баба“, на затворска казна од една година и четири месеци за негирање на Холокаустот и нацистичкиот геноцид во Аушвиц, во два случаи на поттикнување омраза.
Така е во Германија, членка на ЕУ.
Истовремено, во Северна Македонија, новиот премиер Христијан Мицкоски, го назначи Иван Стоиљковиќ, путинистот и негаторот на геноцидот во Сребреница, за кого истиот е „некрофилски диздиленд“ , за вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците.
Така во нашата земја се негуваат „цивилизациските вредности“.