• Latest

Заев ја презентираше програмата во Собранието

May 30, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев ја презентираше програмата во Собранието

May 30, 2017 15:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мандатарот и иден премиер на Република Македонија, Зоран Заев, пред пратениците во македонското Собрание ја презентираше програмата на новата влада. Тој истакна дека новата, реформска влада ќе биде посветена на економијата и на силните професионални институции и посветена на евроинтеграциите и на членството во НАТО.

Заев најави зголемување на платите и подршка за малите и средните претпријатија. Според него, новата влада ќе ја врати дневната евтината тарифа за струја и цел викенд евтина струја, а не само во недела. Ветувања се и: бесплатно болничко лекување, укинување на радиодифузна такса, тие што нема да користат централно греење – „парно“, нема ниту да плаќаат, покачување на платите на специјалистите во државните институции, укинување на екстерното тестирање…

Заев истакна и дека ќе се воведе двосменско работење во некои министерства – до 20 часот, за граѓаните да можат да си ги завршат административните обврски и да не отсуствуваат од работните места. Тој најави дека нема да има реваншизам и партиски отпуштања, како и дека социјалната помош и пензиите ќе се усогласат со трошоците за живот.

Проект за младите луѓе: по завршување на образованието, по 4 месеци – да има вработување, образование или пракса. Ќе се обезбедат и по 10 илјади евра, неповратни средства за самовработување и добри идеи на млади.

Заев најави и рамномерен економски развој, и рамномерна распределбата на парите во општините.

Според неовиот премиер, Македонија ќе стане правна држава и ќе има реизбор на судството, според европските пракси. Кривичниот суд ќе има Специјално судско оделение за предметите на СЈО.

Следењето на комуникациите ќе биде точно определено, со јасен закон.

Соработка со граѓаните и граѓанските здруженија ќе биде на највисоко ниво.

МРТВ ќе се реформира и ќе работи професионално, без политички притисоци.

Правото на користење на јазиците на заедниците е загарантирано и секој ќе може да збори на својот мајчин јазик, без притоа да го загрози македонскиот јазик.

Стабилно финансирање на спортот и спортистите.

За инфраструктура се предвидени 600 илјади евра.

„Не чекаат големи предизвици. Општеството е урнато и треба вклученост на сите. Поделени не можеме да направиме ништо, но сплотени – можеме многу! Граѓанските и државните интереси се над сѐ. Политичките разлики и видувања се богатството на оваа држава. Секој може да биде симпатизер и член на некоја партија. Ќе бидам премиер на сите граѓанки и граѓани без разлика дали гласале за мене или за мојата партија“, рече Заев.

Тој вети дека ќе го слуша гласот на пратениците, без разлика дали се од власта или од опозицијата, бидејќи сите имаат право да реагираат на пропустите на владата.

Тој им се обрати и на предложените министри, потенцирајќи дека нивната одговорнос е кон граѓаните, и да не очекуваат тој да им ја врши нивната работа. Најави и нулта толеранција кон корупцијата.

„Ќе има целосна промена на политиката, политичарите ќе им служат на граѓаните“, порача Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tags: економијаЕУ и НАТОЗоран Заевпрограма за нова владаСобрание на Република Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ