• Latest

Заев: Дополнителни сто милиони евра за рамномерен регионален развој

March 13, 2018
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Дополнителни сто милиони евра за рамномерен регионален развој

March 13, 2018 11:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сакаме целосно да го спроведеме Законот за рамномерен регионален развој, кој значи сто милиони евра дополнителни пари на општините од она што досега државата го спроведувала и од она што треба дополнително да го обезбедиме како обем, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Тоа значи дека во иднина, штом ќе бидат подготвени капацитетите на општините, а се надевам до крајот на 2018 година дека ќе бидат подготвени, ќе се пренесат капиталните инвестиции за изградба на основни и средни училишта од Министерството за образование и наука на општините. Изградбата на градинките, дел од здравствените домови како примарна и превентивна здравствена заштита, веројатно и најголем дел од домовите на култура, освен оние што се од национален интерес кои ќе бидат задржани. Огромен процент на домови на култура се уште се под Министерството за култура и тие треба да бидат симнати на локално ниво, рече Заев по потпишувањето Договор меѓу Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС за пренесување на правото на трајно користење, управување и одржување на информацискиот систем www.gradezno-zemiste.mk.

Премиерот појасни дека планираат да го пренесат на локално ниво управувањето на шумите и на земјоделското земјиште, како и во делот изградба на патиштата во РМ со цел да се зајакне финансискиот капацитет за изградба на локалните патишта каде се надлежни самите општини, а посебно, рече, дури и регионалните патишта кои имаат регионален аспект, односно важност за еден од осумте плански региони.

– Конечна цел е да ги пренесеме овие огромни суми на пари од сто милиони евра. Со овие многу значајни институции во Република Македонија, граѓаните да почувствуваат унапредување на услугите и унапредување на квалитетот на развојот на инфраструктурата, а не да биде кочница заради тоа што имаме и мали општини со помал капацитет за кои ќе им треба организација во делот на проектирање, имплементирање на одредени конкретни инфраструктурни проекти, но и организација во делот на менаџментот на одредени институции, рече Заев.

Премиерот најави дека размислуваат и во делот на социјалната политика, односно за центрите за социјална работа. Според него, ако се одлучува на локално ниво за центрите за социјална работа, тогаш тие ќе бидат многу потранспарентни, а парите навистина ќе стигнат кај ранливите категории на граѓани.

– Тоа во суштина значи дека ќе имаме потранспарентен процес, демократичноста во државата ќе се зголеми, но и ќе значи заштеда на пари за граѓаните на Република Македонија, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање што се случи со идејата за Владата да се задолжува во име на општината, тој рече дека работат на тоа и оти ги чекаат понудите од банките.

– За нас е многу важно да добиеме колку што е можно пониски каматни стапки и да добиеме можност по пат на преговарање за исплата на сите тие долгови кои општините ги имаат кон добавувачите и да добиеме подобри услови, рече Заев.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе можат да соопштат конечно која е одлуката околу тоа како ќе го исфинансираат тој дел. Одлуката, како што рече, е веќе донесена за државата да подигне кредит, буквално го пренесе на општините да ги исплатат своите обврски кон добавувачите, некаде околу 120 милиони евра, а самиот кредит го враќаат општините на еден подолг рок од 15 или 20 години со пониски каматни стапки. Очекуваме  два, два и пол, три насто каматни стапки кои за сметка на денешните 13 отсто кои ги плаќаат како затезни камати општините за сите долгови коишто се доспеани према нив.

– Ние веруваме дека на тој начин ќе ги растовариме општините, ќе им дадеме ветер во грб за нивното унапредување во иднина, но исто така овие пари стигнуваат и до домашните компании на кои им должат општините. Истовремено свесни сме дека парите ќе се искористат за нови инвестиции во Република Македонија, рече Заев.

Додека дека чекаат понуди и од меѓународни институции и се разговара со домашните банки ако се подготвени да направат конзорциум на понуда со таква сума, од околу 120 милиони евра и доколку бидат конкурентни на меѓународните банки, додаде Заев, тогаш би ги избрале токму домашните банки.

– Долгот на општините е преку 95 отсто кон домашните компании кои работеле за сметка и во име на општините, рече Заев.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Заевинвестициирегионален развој
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ