• Latest

Заев ги повика сите опозициски и граѓански структури во заедничка платформа

April 7, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Заев ги повика сите опозициски и граѓански структури во заедничка платформа

April 7, 2016 15:46
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес конференција, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, ги потврди вчерашните ставови на СДСМ и здружената опозиција за бојкот на изборите на 5 јуни. Тој истакна дека од трите клучни услови од Пржинскиот договор, одвојување на партијата од државата, реформи во медиумите и прочистување на Избирачкиот список – ниту еден не е исполнет.

Заев ги повика сите опозициски партии, граѓански здруженија, активисти и сите граѓани на Македонија на учество во заедничка платформа со цел на остварување на заложбите за слобода, демократија и слободни и фер избори.

„Груевски и Ахмети со едностраната одлука ги направија изборите невозможни. Повикувам на здружување во заедничка платформа. Изборите нема да ги гледаме на телевизија. Ќе продолжиме заедно да се бориме за нашата Македонија“, истакна Заев на попладневната прес конференција.

Лидерот на СДСМ истакна дека и покрај оставките, министрите на СДСМ ќе продолжат да ги вршат нивните должности и нема да дозволат да ги кршат законите и функционалноста на институциите со кои управуваат, иако недоставувањето на оставките во Собранието од страна на премиерот Димитриев го оцени како „заробување“ на министрите во оваа Влада против нивната волја.

Во однос на улогата на меѓународната заедница и притисоците кон СДСМ за оваа одлука, Заев информираше дека во текот на минатиот ден имал интензивни разговори и со комесарот Хан и со другите дипломати, оценувајќи ги нивните напори како пријателски и добронамерни.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран ЗаевизбориМакедонијаопозицијаполитичка кризаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result