• Latest

Заев и Ахмети разговарале за името и за проширување на коалицијата

March 30, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Ахмети разговарале за името и за проширување на коалицијата

March 30, 2018 13:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев потврди дека вчера во Собранието имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Како што рече денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, станало збор за проблемот со Грција, очекувањата од денешните случувања во Виена и проширувањето на владината коалиција. 

На Владата, истакна Заев, и треба постабилно парламентарно мнозинство зашто следуваат сериозни одлуки за Македонија.

До 10 април, потенцира премиерот, се очекува да бидат именувани замениците-министри на испразнетите места, директорите на јавните претпријатија и државните секретари, а до 17 април да се донесат реформските закони предвидени со Планот 3-6-9.

„Вчера поголем дел од времето поминав во кабинетот на претседателот на Собранието Џафери зашто до 15 април сакаме да ги донесеме реформските закони. На 10 април повеќето ќе бидат на седница, а заклучно со 17-ти, кога треба да го добиеме извештајот од Европската комисија, очекуваме да бидат усвоени“, рече Заев и додаде дека по извештајот, на 17 април очекува важни посети, на Могерини и Хан, за, како што истакна, убави работи.

Во врска со ставот што го изнесе рускиот амбасадор Шчербак, премиерот изрази надеж дека двете земји ќе бидат фокусирани на градење пријателство, а не на кавги.

„Постапивме согласно законите и Виенската конвенција. Македонија има стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ. Не бараме членство во Алијансата за некого да напаѓаме, туку за мир во светот и почитување на човековите права“, нагласи Заев, дополнувајќи дека земјава останува на длабоката определба да ги унапреди односите со Русија.

Заев на прес-конференцијата уште еднаш апелира да се дозволи донесувњето н законот за употреба на јазиците.

„Да го пуштиме законот да живее за да видат сите дека нема ништо страшно во него и дека сме растоварани од какви било предрасуди. Блокирањето значи дека некој се плаши законот да заживее, но кога ќе биде донесен сите ќе сфатат дека стравовите од кои се плашеа граѓаните всушност биле лаги“, рече Заев.

Според него, за законот има две опции или да оди пред Уставниот суд или она што го разгледуваат правните тимови во Собранието и другите институции.

Во врска со воведувањето прогресивен данок, премиерот порача дека не треба да се плашиме од ниту една реформа што ќе биде донесена со дебата.


Извор: МИА

Tags: Али Ахметикоалиција Зоран Заевсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ