• Latest

Заев и Борисов на одбележувањето 75.години од депортацијата на македонските Евреи

March 12, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Борисов на одбележувањето 75.години од депортацијата на македонските Евреи

March 12, 2018 08:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на одбележувањето на 75. години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, денеска пред споменикот кај поранешниот Монопол во Скопје обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ, а пленарна седница ќе одржи и Собранието на Република Македонија. 

Активностите во Скопје ќе започат утринава со „Маршот на живите“ што ќе започне од пред Музејот на Град Скопје и ќе заврши кај зградата на поранешниот Монопол сега Империал Тобако. На маршот се очекува да се приклучи и премиерот Заев заедно со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звоздиќ, кој предводи делегација во официјална посета на Македонија. Во центарот на Скопје се очекува на маршот да му се приклучи и бугарскиот премиер Борисов.

По пристигнувањето кај споменикот посветен на депоратираните 7144 Евреи, делегациите и претставниците на здруженијата на Евреите и други ќе положат цвеќе, по што ќе следуваат обрања на премиерите Заев и Борисов и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Романо Николиќ. Потоа делегациите ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија да ја проследат пленарната седница посветена на депортацијата на Евреите во логорот Треблинка.

Бојко Борисов е првиот бугарски премиер кој ќе учествува на одбележување на годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија. Во официјалната бугарска делегација најавесни се и претставници на еврејската заедница во Бугарија.

На одбележувањето на 75. години од депортацијата на македонските Евреи најавено е и присуство на министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович, кој заедно со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров ќе положат цвеќе пред споменикот депортираните Евреи.

Активностите за одбележување на 75. годишнината од Холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна започна вчера во Битола, Штип и Скопје.

За време на Втората светска војна од Македонија биле депортирани 7.144 Евреи и биле одведени во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска. Собирањето на Евреите од повеќе градови низ Македонија почнало ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, по што биле донесени во Скопје во зградата на Монополот. Транспортот на Евреите од Македонија почнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.

Во пресрет на комеморацијата, на 5 март 2018 година Собранието на Република Македонија ја усвои Декларацијата посветена на 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија. На 6 март Владата ја усвои работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот за борба против антисемитизам.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 75 годишнинаантисемитизамБорисовдепортацијаевреиЗаевмарш
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ