• Latest

Заев: Македонија е голем добитник од самитот во Трст

July 13, 2017
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Македонија е голем добитник од самитот во Трст

July 13, 2017 13:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европските лидери покажаа дека се грижат за земјите од Западен Балкан. Лидерите на државите пак, се вратија задоволни од ветените инвестиции во инфраструктурата и енергетиката. Значи, Самитот во Трст беше успешен и ја постигна целта.

„Самитот покажува дека се грижиме за напредокот на земјите од регионот и за нивното приближување кон ЕУ. Политичката стабилност на регионот значи политичка стабилност и за нас“, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

За Македонија, Самитот во Трст беше од исклучително значење. Не само поради финасиската помош, туку и поради поддршката од европските политички лидери, особено онаа  директно изразена од канцеларката Меркел. Македонската делегација самитот го оцени како успешен.

Според информациите, Македонија доби грантови од околу 70 милиони евра и кредити од околу 200 милиони евра, пари наменети за инфраструктурни проекти.

Премиерот, Зоран Заев истакна дека Македонија е голем добитник во Трст. Одлуката на ЕУ да ја финансира изградбата на делницата Крива Паланка – Бељаковце во должина од 34 километри со 70 милиони евра, ја најави и еврокомесарот Јоханес Хан. Целиот проект се предвидува да чини 152 милиони евра, а останатиот дел од парите, Македонија ќе треба да го обезбеди преку кредит од Европската банка за обнова и развој во вредност од 75 милиони евра.

„Железничното поврзување на Македонија со Бугарија е пример, колку ние сериозно гледаме на оваа агенда за поврзување во регионот“, додаде Заев.

Тој изјави дека Владата ќе се насочи и кон исполнување на обврските околу Договорот за основање енергетска заедница за Југоисточна Европа.

Владата на Заев, на овој Самит доби отворена поддршка и од британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој на Твитер напиша дека Велика Британија цврсто стои зад неговите реформи.

Во однос на Договорот за транспортната заедница, потпис не беше обезбеден само од Босна и Херцеговина, како дел од нивните внатрешно-политичките проблеми. Овој проект треба да овозможи усогласување на транспортното законодавство на земјите од регионот со ЕУ и да го олесни финансирањето на проектите во таа сфера.

„Се надеваме дека БиХ наскоро ќе биде подготвена да потпише. Штета е што, тоа не можеше да се случи сега“, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Таа е со оценка дека се работи за „многу успешен самит“, што донел голем број „практични проекти“.

До 2020 година во регионот ќе се инвестираат околу 1,3 милијарда евра.

Самитот за Западен Балкан во Трст е под покровителство на италијанскиот премиер, Паоло Џентилони и е дел од Берлинскиот процес. Учесници беа шесте држави од Западен Балкан и четирите држави членки на ЕУ: Германија, Aвстрија, Франција и Италија. Годинава на Конференцијата се вклучи и петта држава – Велика Британија, во улога на следен домаќин во 2018 година. Во својство на набљудувачи во процесот остануваат Словенија и Хрватска.

На маргините од Самитот во Трст, се одржаа повеќе настани. Премиерот Заев оствари билатерална средба со албанскиот колега Еди Рама и со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Се одржа и бизнис форум и собир на организации на граѓанскиот сектор, а се воведе и работилница за антикорпуција и инаугурација на седиштето на регионалните стопански комори.

Tags: Ангела Меркелбизнис форумЗоран ЗаевМакедонијаСамит за Западен БалканТрстфинансиска поддршка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ