• Latest

Заев: Правосудните инстанци да ја донесат вистината и правдата за Смилковски езеро

April 12, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Правосудните инстанци да ја донесат вистината и правдата за Смилковски езеро

April 12, 2018 15:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правосудните инстанци треба да ја донесат и вистината и правдата поврзани со случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро и јавноста да ги знае сите детали, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Кривичниот суд по завршувањето  на рочиштето за случајот „Поткуп“. 

Посочи дека континуирано има средби со членови на семејствата на децата кои беа убиени на денешен ден пред шест години кај Смилковско езеро.

Премиерот рече дека пред околу два месеци се видел со дел од родителите, мајките на децата и сите, како што додаде, сме согласни дека сега треба да се остави на правосудните инстанци да ја донесат и вистината и правдата поврзани со овој случај.

– Случаите за кои е посебно заинтересирана јавноста, како што е Никола Младенов, Смилковско езеро, кумановските настани, имаат дополнителна причина јавноста да ги знае сите детали, комплетната вистина и Македонија да дочека правда онака како што е согласно Уставот и законот. Ако сакаме да бидеме држава, а ако не, тогаш остануваат интригите, шпекулациите и паѓа довербата во институциите. Само преку комплетна вистина и преку комплетна правда може граѓаните да веруваат во институциите на системот, нагласи Заев.

Тој посочи дека досега ниту алудирал, ниту треба некој политичар да алудира за да биде обвинител, истражител или судија.

– Наша должност беше да ги дадеме оние коментари кои како граѓани ги чувствуваме, а должноста беше да ги предадам материјалите на истражните органи кои тоа го прават. Само тие може да кажат до каде е истрагата, во кој правец се истражува, какви докази се обезбедени, дали тие докази потврдуваат дело или потврдуваат во некој друг правец. Секој мој дополнителен коментар е навистина прво мешање во правосудството. И таму не е моја работа. На тие вредности мораме сите да бидеме подготвени и да внимаваме до делот на нашето однесување затоа што во тек се реформи во правосудството. Реформите ќе значат добро законодавство, веројатно и старт на добра имплементација на тоа законодавство, рече Заев во изјава за медиумите пред Кривичниот суд.

На денешен ден пред шест години кај Смилковското езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во ноември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Минатиот месец случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во април во фаза во која бил прекинат и оти се подготвени да го презентираат предметот пред судот.


Извор: МИА

Tags: Зоран ЗаевСмилковско езеро
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ