• Latest

Заев ќе раководи со Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството

January 10, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев ќе раководи со Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството

January 10, 2018 07:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на јануари ќе се формира Совет за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството за периодот од 2017  до 2022 година, најави премиерот Зоран Заев на денешната владина седница.  

Со ова тело, како што соопшти попладнево владината прес-служба, ќе претседава премиерот Заев.

– Воедно, премиерот Заев, на 48. седница јавно им се заблагодари за завршената успешна работа на членовите на Советот за реформи во правосудството кој работи во рамки на Министерството за правда и кои активно работеа на изработка на Стратегијата како обврска предвидена во деловите 3 и 6 од планот 3-6-9, соопшти Владата.

На предлог на Министерството за надворешни работи е усвоен Предлог-законот за ратификација на дополнителниот протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно-европскиот договор за слободна трговија. На седницата е посочено дека ова претставува обврска која произлегува од Самитот на Западен Балкан што се одржа во Трст, а чија имплементација позитивно ќе влијае на трговската размена на Македонија со земјите од регионот, од ЦЕФТА и од ЕУ.

Усвоена е и Информацијата за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија на тема „Превенција на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и обвинителите“. Задолжено е Министерството за правда да го достави до ГРЕКО вториот ситуациски извештај со кој ќе информира за целокупниот прогрес во реализација на препораките.

Министрите ја разгледаа и информацијата за зголемување на придонесот на Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка 2018“ при што е оценето дека е постигнат значаен придонес во интензивирањето на активностите поврзани со напорите за полноправно членство на земјата во НАТО.

Владата ја усвои и информацијата за потребата на прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување и задолжени се министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии и Дирекцијата за заштита и спасување да се изнајде навремено решение за ангажирање на пилоти во ДЗС.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: Зоран ЗаевМинистерство за правдаправосудствореформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ