• Latest

Заврши собирот против „Рио Тинто“, следниот закажан за в среда: Критики до жителите на Белград за слабата излезност

November 27, 2022

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Заврши собирот против „Рио Тинто“, следниот закажан за в среда: Критики до жителите на Белград за слабата излезност

November 27, 2022 18:12
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку десетици граѓани се собраа пред Владата на Србија на годишнината од првата блокада против ископот на литиум во организација на Сојузот на еколошки организации на Србија (СЕОС), кој тврди дека компанијата „Рио Тинто“ сè уште купува имоти во долината на Јадар кај Лозница, и дека овој проект се уште не е стопиран, пишува Н1.

На собирот, меѓу другите, се обратија Маријана Петковиќ од здружението „Не го даваме Јадар“, претседателката на СЕОС Љиљана Браловиќ, како и Златко Кокановиќ, жител на Горно Недељица.

Петковиќ порача дека на проектот Рио Тинто не му е реално ставен крај, бидејќи откако премиерката Ана Брнабиќ го најави тоа, се издадени уште 178 дозволи за истражување „со цел да се ископа се што е наше“.

Таа посочи дека Владата тврдела дека проектот е завршен, „тогаш зошто не ни објаснат како Рио Тинто сега се занимава со патот до рудникот, па купува ниви покрај патот. Зошто е активно полето за експлоатација? Зошто Рио Сава повторно почна да ги поткупува оние чии парцели беа пробиени за да не се вадат цевките“.

Не сакаме ниту „л“ од литиум во Србија, им порача Петковиќ на насобраните на протестот и заклучи дека „Рио Тинто ја тресе оваа земја“.

Љиљана Браловиќ остро ги критикуваше белграѓани што не не излегоа на денешниот протест.

Белград спие. Ве молам бидете тивки луѓе, немојте со свирчињата, Белград нека умре тивко, нека не знае дека е зготвен како жаба во лонец, не им кажувајте, па нека умрат во заблуда, нека го слушаат Вучиќ кој им вели дека сме балкански тигри, нека не излегуваат. Доста сме ние овде, дојдовме да останеме овде на оваа крстосница, ние ги браниме праговите, ние не сме активисти, ние сме сељаци, не знаеме да организираме добри протести, не ни е гајле за добар протест. Ги сакаме и нашите живи и нашите починати. Ние не ги даваме нашите гробови, а вие се продавате за грст сребреници, им порача Браловиќ на насобраните.

Златко Кокановиќ, жител на Горно Недељица, рече дека и струката и науката зборуваат за реки, растенија и животни, но никој не кажува што ќе биде со луѓето чие преселување е неопходно за да се изгради рудник за литиум во Јадар.

Изгласајте го законот за трајна забрана и ќе бидеме мирни. И додека тоа не се направи, нема да има мир во оваа земја, истакна Кокановиќ, додавајќи дека кога е здравјето во прашање, нема разлика, бидејќи сите дишеме ист воздух.

Тој им порача на претседателот, премиерката, членовите на Владата и пратениците дека треба да поднесат оставки бидејќи не се способни да управуваат со државата. Мора да ја одбраниме оваа земја од властите, рече Кокановиќ.

Меѓу насобраните беа и Александар Јовановиќ Ќута, пратеник од Мораме-Заедно, пратеникот Дејан Булатовиќ од Партијата за слобода и правда (СПП) и пратеничката на Двери Радмила Васиќ.

Пред зградата на РТС вечерва во организација на здружението „Тргни-промени“ се одржа протест „Србија не е на продажба“, а причина за ова беше одлуката на јавниот сервис да не ја емитува рекламата на здружението против „Рио Тинто“. По протестот пред РТС, каде се собраа околу две илјади граѓани, демонстрантите се упатија кон Владата на Србија, каде што ја излепија вратата со QR кодови кои водат до видеото против Рио Тинто. Најавено е дека следниот протест ќе се одржи в среда во 18 часот пред Претседателството на Србија, објави Нова.рс.

Протестот пред РТС траеше еден час, а на насобраните граѓани им беа поделени флаери зошто не го сакаме „Рио Тинто“ во Србија. Граѓаните носеа транспарент „РТС и АВ се слуги на Рио Тинто“.

Пред РТС беше поставена бина со видео бим и неколку столчиња – импровизирано кино. Таму беше емитувана рекламата против Рио Тинто, која наиде на аплаузи и овации.

Еколошките протести почнаа кон средината на ноември 2021 година во Белград, а повод беше донесувањето на Законот за експропријација и Законот за референдум и народна иницијатива, како и најавеното доаѓање на компанијата „Рио Тинто“ и експлоатација на литиум.

Активистите тогаш оценија дека овие закони се поврзани со проектот „Јадар“ на оваа меѓународната компанија, поради што на 27 ноември организираа блокада на повеќе патишта низ Србија, од кои најголемата беше на автопатот низ Белград, на мостот Газела.

Граѓаните и активистите, предводени од еден од основачите на Еколошкото востание, Александар Јовановиќ Ќута, и Саво Манојловиќ, директор на кампањата на движењето „Тргни-промени“, се судрија со бројните полициски кордони, кои успеаја да ги пробијат и да го запрат сообраќајот.

Полицијата првично се обиде да ги спречи граѓаните, на социјалните мрежи кружеа видеа на кои полицаец влече жена од автопат и ја префрла преку заштитната ограда, но ситуацијата се смири кога поголемиот дел од толпата успеа да излезе на автопатот, по што полицијата престана да реагира.

Сообраќајните блокади продолжија секоја сабота низ Србија, по што српскиот претседател Александар Вучиќ, го врати Законот за експропријација во Собранието на повторно разгледување и предложи измени во Законот за референдум, со оценка дека на овој начин ги исполнил барањата на протестот.

Премиерката Ана Брнабиќ на 20 јануари изјави дека Владата ја поништила уредбата за Просторниот план на областа за специјална намена за реализација на проектот за експлоатација и преработка на рудата јадарит, како и дека сите управни акти поврзани со компанијата „Рио Тинто“ и нејзината ќерка фирма „Рио Сава“ се поништени.

Поништени се сите одлуки, сите дозволи, а никогаш не сме имале договори… Ова е крај на проектот Јадар и Рио Тинто, изјави тогаш премиерката, по седницата на Владата на Србија.

Тие потези на државата доведоа до прекин на блокадите на патиштата, а активистите извесно време продолжија со помали протести, како и кампување пред зградата на претседателството во Белград.

Активистите продолжија да ја предупредуваат јавноста, наведувајќи дека проектот „Јадар“ на компанијата „Рио Тинто“ не е завршен и дека во околината на Лозница се уште се вршат истраги и откуп на земјиште.

Вучиќ оттогаш во неколку наврати изјави дека „жали“ што дозволил тој проект да биде прекинат, додека поранешната министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ и сегашната Дубравка Ѓедовиќ продолжија да велат дека „литиумот е иднината и дека треба да се гледа како Србија може да го искористи“.

Движењето „Тргни-промени“ до Собранието на Србија поднесе народна иницијатива за забрана на ископ на литиум и бор во Србија со над 30.000 потписи, а на почетокот на неделава поднесоа и жалба до Уставниот суд бидејќи е пробиен законскиот рок за изјаснување по оваа иницијатива.

Tags: БелградекологијалитиумПротестРио Тинто
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ