• Latest
Парада на Руската армија за време на вежбите блиску до границите со Монголија и Кина, 13 септември 2018 година (извор: „Киев пост“, фото: АФП)

Завршна фаза на мирот или почеток на војна во Украина

January 20, 2022

Унгарската полиција сепак ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

June 19, 2025
фото: скриншот Влада

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Обвинителите на средба зад затворени врати со родителите на починатите во „Пулс“ во Кочани

June 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, сите реформски закони не зависат од Бадентеровото мнозинство

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на штипската телевизија М-нет

(ВИДЕО) Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Трамп се колеба за напад врз Иран поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“

June 19, 2025
фото Принтскрин Н1/рс

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Десетици европратеници ќе присуствуваат на Прајдот во Будимпешта, пркосејќи му на Виктор Орбан

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Завршна фаза на мирот или почеток на војна во Украина

Москва инсистира на брз одговор од Америка со ДА или НЕ за ширење на НАТО кон исток, заборавајќи дека секоја одлука во Алијансата се носи со консензус и гласот на секоја држава била таа голема како САД, Германија, Франција или мала како Северна Македонија, има еднаква тежина при одлучувањето. Во меѓувреме, Брисел го воведе првиот сет санкции против Русија, руската паравоена организација „Вагнер“ на црна листа

January 20, 2022 10:26
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Парада на Руската армија за време на вежбите блиску до границите со Монголија и Кина, 13 септември 2018 година (извор: „Киев пост“, фото: АФП)

Парада на Руската армија за време на вежбите блиску до границите со Монголија и Кина, 13 септември 2018 година (извор: „Киев пост“, фото: АФП)

Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Шатл дипломатијата на новата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок на релација Киев – Москва, посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Украина и закажаниот разговор со рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров во петок во Женева, укажуваат на сериозноста на ситуацијата на границата со Украина и на одлучноста на САД и европските партнери да се спречи евентуалната војна во овој дел на Европа.

Минатонеделните разговори на делегациите на Русија со претставниците на НАТО, ЕУ и ОБСЕ не дадоа видливи резултати, бидејќи Москва остана забарикадирана во своите барања Запад да ѝ обезбеди цврсти гаранции дека НАТО нема да се шири на Исток. Во меѓувреме, Путин реши да изврши прегрупирање на воените сили околу Украина и да распореди трупи во Белорусија во близина на украинската граница.

„Вагнер“ свири по руски ноти

Жителите на Украина се во постојан страв дека Русија во секој миг ќе ја нападне нивната земја, посебно откако Москва овој викенд ја заостри реториката и почна со натрупување на руските воените сили во Белорусија. Посебно загрижува и распоредувањето на руските паравоени формации затскриени зад таканаречената служба за обезбедување имот и лица „Вагнер“ кои се обучени за специјални операции и се под опсервација на Западот.

Вашингтон смета дека претстојните заеднички воени маневри на вооружени сили на Русија и Белорусија можат да ѝ послужат на руската страна како изговор за напад на Украина од северна страна. Зборувајќи пред членовите на американската амбасада во Киев, Блинкен оваа недела објаснил дека рускиот претседател Путин планира уште повеќе да го засили военото присуство во близина на границата со Украина, иако сегашната бројка на војници е околу 100.000.

Председателот Путин и понатаму на украинската граница држи повеќе од 100.000 руски војници, кои неодамна извршија прераспоредување на руските сили во Белорусија и додатни маневри на источната граница на Украина. Запад смета дека ова е исклучително опасна ситуација и дека Русија во секој миг би можела да изврши напад врз Украина. Америка и НАТО се исклучително загрижени поради раздвижување на руските трупи кон Белорусија поради најавената заедничка воена вежба која  би можела да се искористи за напад врз Украина. Кремљ ги отфрла овие обвинувања и ја обвинува западната коалиција дека за тоа нема докази и дека, како и обично, САД шират сензационалистички вести.

Новата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок се обидува да ја спушти тензијата и оваа недела ги посети Киев и Москва со цел во понатамошните преговори, покрај Украина да учествуват и Франција, Германија и Русија. Таа рече дека поделбата на Европа на зоните на влијание која ја посакува Русија и која е порано видена во историјата не е прифатлива и евентуалната воена акција во Украина за остварување на оваа цел би имала превисока цена за Москва – економска, безбедносна и политичка.

И додека Европа размислува каков одговор би можела да смисли во случај на руска интервенција во Украина, Москва не отстапува од своите барања НАТО да го запре проширувањето и да се откаже од военото присуство во источна Европа, а за тоа да ѝ обезбеди на Москва цврсти гаранции.

Баербок: Нема отстапување од основните принципи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, иако е многу помлада од нејзиниот руски колега, покажа оваа недела големо трпение во разговорите со Сергеј Лавров и дипломатска зрелост да ја претставува Германија, а со тоа и Европа, во овие критични моменти за нејзината безбедност. Во пресрет на посетата на Москва таа изјави дека е важно Русија да разбере дека новата федерална влада на Германија сака да има цврсти и стабилни односи со Русија без оглед на многу конфликтни теми за кои треба да се разговара.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок

„Спремни сме за сериозен дијалог и договор за наредните чекори кои на сите во Европа ќе им гарантираат поголема сигурност – вклучувајќи ја и Русија. Но не можеме и нема да отстапиме од основните принципи на неповредливост на границите и право на избор на секоја држава во какви сојузи ќе стапува. Нема да дозволиме закани да се употребуваат како инструмент на политиката и спремни сме одлучно да одговориме доколку Русија тргне во ескалација на состојбата“ – изјави германската министерка за надворешни работи.

Како што пренесоа светските медиуми, Баербок на заедничката конференција за печатот во Москва вербално успеала да го разоружи својот руски колега свртувајќи ја малку темата на „периферни работи“. Зборувајќи за сличностите со соседната земја во културата и економијата, таа ја повика Москва на дијалог и дипломатија во руско-украинските односи. Но и со критичка нота зборувала за руската внатрешна политика  спомнувајќи го односот на Москва кон опозиционерот на Путиновата политика, Алексеј Навални и неодамна забранетата организација за човековите права  „Меморијал“.

„За Германија е важно да биде во постојан дијалог со Русија, да има полно почитување кон Москва, но и јасно да ја критикува нејзината политика“. По ваквиот настап на Баербок, Лавров успеал да се воздржи од своите вообичаени сарказми и ја изразил спремноста на Москва за подобрување на односите со Берлин кои, во овој момент, се на најниското ниво.

Блинкен го чека Лавров во Женева

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен тргнува на европска турнеја со единствената цел да ги смири и намали тензиите со Москва околу Украина. По средбата со украинскиот државен врв во Киев, во петок е планирана средба на Блинкен со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева. Се очекува Блинкен, во петок, со полна сериозност да ја повика Русија веднаш да преземе неопходни чекори за деескалација на тензиите вдолж границата со Украина.

Блинкен – Лавров, Стокхолм, 2 декември 2021

Во пресрет на почетокот на овие разговори, високиот претставник на Стејт департментот изјавил дека САД се подготвуваат „за поинаков резултата од разговорите“ доколку  Москва продолжи со воените агресивни мерки околу Украина.

„Сега сме во фаза во која Русија во секој миг може да изврши напад на Украина“. САД се подготвуваат и за поинакво сценарио доколку Москва се одлучи за воена агресија против Украина.“

Блинкен во пресрет на средбата со Лавров која е најавена за во петок, вчера разговарал по телефон со Лавров и му ја нагласил важноста по дипломатски пат да се пронајде начин за успешно надминување на кризата која е длабоко загрижувачка поради натрупување на руската војска  во  близина на Украина.

„Дипломатијата не е мртва изјавил претставникот на Стејт департментот вчера на новинарите во телефонскиот брифинг нагласувајќи дека „Американската страна верува дека единствениот начин оваа напнатост да се реши е дипломатскиот пат“.

Блинкен ја повторил непоколебливата посветеност на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нагласил дека секоја дискусија за европската безбедност мора да ги вклучи и сојузниците на НАТО и европските партнери, вклучувајќи ја и Украина.

Тој по разговорите со Лавров ќе отпатува во Берлин на состанокот со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок за да ги разменат мислењата околу дипломатскиот ангажман со Русија и заедничките напори Русија да се одврати од понатамошното агресивно однесување кон Украина, соопштил американскиот Стејт департмент.

Додека американскиот државен секретар Антони Блинкен води дипломатска битка со Русија, Бајденовата администрација, загрижена поради можна руска инвазија, веќе соопшти дека ѝ дава на Украина додатна воена помош во вредност од 200 милиони долари.

„Посветени сме на суверенитет и територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжиме да ја даваме потребната помош на Украина, изјави високиот претставник на Стејт департментот. Во наредните денови, германската министерка за надворешни работи повторно патува во Украина, овојпат заедно со својот француски колега, и планира да ги посети подрачјата недалеку од линијата на фронтот, а потоа сака да го заживее таканаречениот Нормандиски формат во преговорите околу Украина, во кои ќе бидат вклучени Германија, Франција, Русија и Украина.

Украинското раководство подолго време инсистира и тие да бидат вклучени во разговорите. Во минатонеделните разговори, во повеќе наврати и претставниците на НАТО, САД и ЕУ нагласија дека ни една одлука која се однесува на Европа, НАТО или Украина нема да биде донесена без Европа, без НАТО и без Украина.

Украина не може да чека

Да потсетиме дека приемот на Украина во НАТО во 2008 година беше привремено симнат од дневен ред, но задржана е формулација дека Украина перспективно може да стане членка на НАТО.

Тоа значи дека перспектива за членство на Украина во НАТО останува и понатаму отворена и одлуката ќе зависи исклучиво од волјата на Украина како самостојна и суверена држава и спремноста на сите членки на Алијансата со консензус да ја примат во своите редови. Русија тука е немоќна. Така што и денес, по 14 години, таа опција останува потполно отворена и за Украина и за Грузија. И граѓаните и политичкиот врв на двете земји со право може да му го постават прашањето на Западот – добро, дали вие мислите да нѐ примите или не, бидејќи ние сме и понатаму пред вратата во, не до крај, дефинираниот статус. Значи, процесот ниту е запрен, ниту се движи, но поради ескалацијата на украинската граница, тој е закочен, што создава нервоза во овие две земји, бидејќи перспектива постои, таа е сега подгреана, прашањето е актуелизирано.

Русија бара брз одговор од САД, но НАТО не функционира на тој начин

Проблемот додатно го оптоварува прекинот на дипломатските односи меѓу Русија и НАТО. И се создава впечаток дека целиот разговор го водат Русија и САД, заборавајќи на комплетната инфраструктура и институциите на Алијансата и начин на одлучување со консензус. А Русија бара брз одговор од САД, сака да слушне ДА или НЕ за, како што велат тие, „демилитаризација на Источна Европа и нераспоредување на тактичко нуклеарно вооружување вон матичните земји“.

Русија за тоа бара писмени гаранции и брз одговор. Но НАТО не може, како што тоа Москва го бара, брзо да одговори бидејќи секоја одлука во НАТО се носи со консензус и секое прашање мора до последна точка да биде  разгледано и усогласено на ниво на сите членки. Бидејќи при носење на такви одлуки гласот на секоја членка, ма колку таа била голема како САД, Германија, Франција или мала како Северна Македонија, носи еднаква тежина.

Москва се обидува да внесе раздор меѓу европските партнери и САД и да ја заобиколи ЕУ во преговорите создавајќи ја рамката за преговорите меѓу САД и Русија. Меѓутоа и на НАТО и на Америка им е јасно дека безбедноста на Европа мора да се креира во договор со земјите од Европа и цврсто ќе бара секој понатамошен дијалог за безбедноста на Европа и состојбата во Украина да ја вклучи и ЕУ. Сѐ друго е незамисливо.

Првиот сет на санкции е на сила

Европската унија воведе санкции против челниците и сопствениците на таканаречената агенција за обезбедување имот и лица „Вагнер“  од Русија, бидејќи е очигледно дека зад оваа компанија се кријат руските паравоени структури кои учествуваат во борбите на исток од Украина. Брисел ги обвинува нивните специјалци за убиства и тешко кршење на човековите права.

Официјалните претставници на „Вагнер“ и трите компании кои имаат деловни врски со нив, се ставени на црна листа и забранет им е влез на територијата на Европска Унија, а нивниот имот во ЕУ е замрзнат. Фирмите од ЕУ, според одлуката на Брисел, не смеат да имаат деловни врски со овие компании.

Брисел оценува дека „Вагнер“ е приватна компанија за обезбедување која своите активности всушност ги насочува кон подривање на безбедноста во Европа и нејзиното соседство. Безбедносните кругови во Европа оваа компанија ја нарекуваат „руска армија во сенка“, додека Кремљ отфрла било каква вмешаност на „Вагнер“ во Украина или во воени активности било каде, тврдејќи и понатаму дека станува збор само за компанија која се бави со обезбедување на имоти и лица.

Меѓутоа, припадниците на „Вагнер“ ги изведуваат обуките на воените полигони на Руската армија и на тајните служби и оспособени се да ракуваат со најсложените руски воени инсталации и оружја.

Хибридна војна

Москва продолжува да води хибридна војна во сајбер просторот. Микрософт на својот блог во саботата (15 јануари) објави дека во првите десет месеци од минатата, 2021-ва година, Русите извеле 288.000 сајбер напади, а во 2020 година дури 397.000 хакерски напади на разни институции и сајтови.

Руски сајбер напад на веб сајтовите на украинското МНР и други институции

Се тврди дека во 2015 година руските хакери извршиле  напад на деловите од електричната мрежа поради што 250.000 Украинци немале струја и греење. Украина е веќе погодена со масовни сајбер напади на нејзините институции. Нападнати се неколку министерства меѓу кои и Министерството за надворешни работи. Нападот е изведен веднаш откако преговорите кои се водеа минатата недела во Женева, Брисел и Виена на кои се одбиени сите руски барања – пропаднаа.

Руските хакери оставиле и порака на веб сајтот на украинското министерство за надворешни работи во која се вели ги имаме сите ваши информации и тие се сега јавни. Плашете се, очекувајте го најлошото, тоа е вашето минато и вашата иднина. Како разултат на нападот, сајтовите на министерството и неколку државни институции привремено не работеа.

 


Сите права се задржани.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    511 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ