• Latest

Зацврстување на „љубовта“ меѓу МВР и провладините медиуми?

June 11, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Зацврстување на „љубовта“ меѓу МВР и провладините медиуми?

June 11, 2016 17:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На Интернет портaл што е под строга контрола на власта, беа објавени снимки од вчерашниот протест на Шарената револуција, кога демонстрантите ја боеја улицата пред Собранието на Република Македонија. Порталот што ја објави снимката, напиша дека „дошле до снимките“, меѓутоа, не наведе како и од кого го добиле видео материјалот?

 

infomak print skrin

Според аголот на снимањето, на социјалните мрежи граѓан(к)ите обвинуваат дека тоа се снимки од камерите на Министерството за внатрешни работи,  поставени на бандерите пред Собранието.  “Чавков снима, Инфомакс објавува! Снимки од безбедносни камери завршуваат на приватни портали, ВМРО-МВРО пак си тера по старо“, напиша активистот Драган Додевски на својот Фејсбук профил.

 

dacko
Од Фејсбук профилот на активистот Драган Додевски

Адвокатката Сандра Гавриловска, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека МВР има право да им дава снимки на медиумите, но, дека медиумите мора да го наведат изворот од каде потекнуваат снимените материјали што ги објавуваат.

Се поставува прашањето: дали МВР и провладините медиуми ја зацврстуваат својата соработка? Граѓаните веќе имаа можност да слушнат преку „бомбите“ – прислушкуваните разговори кои ги објави опозицијата, како претставници на власта, сопственици и главни уредници на диригираните медиуми, се договараат за присуство на селектирани новинарски екипи при спектакуларните полициски акции за апсења на неистомислениците и на критичарите на власта.

Од МВР не ни одговорија на пораката што ја испративме во врска со спорните снимки од вчерашниот протест пред Собранието на Шарената револуција.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Бомби“ на опозицијатаЉубов меѓу МВР и контролираните медиумиСандра ГавриловскаЦивил – Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result