• Latest

„Зборот е збор“ – отчет за првите 100 дена

September 5, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Зборот е збор“ – отчет за првите 100 дена

September 5, 2017 17:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција даде отчет за сработеното во првите 100 дена од формирањето на Владата – под мотото „Зборот е збор“, јавува МЕТА.

Заев подвлече дека активностите и мерките на Владата во првите сто дена биле насочени кон пет сектори: враќање на парите кај граѓаните, економијата, враќање на институциите во служба на граѓаните, пријателство со соседните земји и отвореност на Владата.

Премиерот го посочи донесениот ребаланс на буџетот, со кој, како што рече, се направени големи кратења на непродуктивните трошоци, а парите се пренасочени кон „потребите на граѓаните“. Во овој контекст, тој ги спомена законите за стечајците, за минимална плата и укинувањето на радиодифузната такса, кои се во собраниска процедура, како и враќањето на евтината тарифа на струјата. Заев нагласи дека во изминатите 100 дена се обезбедени пари за мали и средни претпријатија и за домашни гринфилд-инвестиции, а во овој период се издвоени повеќе од 110 милиони евра помош за земјоделците, известува МЕТА.

Во однос на надворешната политика, како особено значајно Заев го посочи потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, кој, како што истакна, е доказ дека „таму каде што има волја, проблемите можат лесно да се решаваат“.

Планот „3-6-9“, според премиерот, ја враќа Македонија на брзата патека на евроатлантските интеграции, а со воената вежба на полигонот Криволак воспоставено е ново ниво на соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Заев соопшти дека во текот на оваа недела треба да биде донесена и стратегијата за реформите во правосудниот систем, што е еден од приоритетите на Владата за враќање на владеењето на правото и на довербата во правосудството.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев изјави дека овој закон е поднесен со европско знаменце во Собранието бидејќи е дел од националната програма за усогласување на македонското со европското законодавство.

„Ова е последното легислативно прашање од Охрдискиот рамковен договор. Овој договор, освен законите, кои во најголем дел се донесени, има и свој дух. Тој постои за граѓаните и тие се тие што на крајот кажуваат дали некое прашање е навистина затворено или не “ изјави Заев.

Во врска со одлуката на министерот за здравство, Арбен Таравари, да се кандидира за градоначалник на Гостивар, Заев рече дека ги почитува политичките и партиските одлуки на коалициските партнери, но додаде дека секој избран функционер има морална и етичка одговорност пред граѓаните.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: владаЗоран Заевпрес конференција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ