• Latest

Здружението „Лесја Украинка“ предупредува на засилената руска пропаганда и побара сузбивање на дезинформации и говорот на омраза во врска со руската инвазијата врз Украина

April 7, 2022
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Здружението „Лесја Украинка“ предупредува на засилената руска пропаганда и побара сузбивање на дезинформации и говорот на омраза во врска со руската инвазијата врз Украина

April 7, 2022 14:15
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, преку соопштение до медиумите  реагира на сè почестите дезинформации во врска со руската инвазијата врз Украина, како и одобрувањето на воените злосторства, односно на навредите и говорот на омраза на интернет. Здружението побара мерки за сузбивање на овие негативни појави, кои се оквалификувани како кривични дела во македонското законодавство.

Во информациониот простор нагло се зголеми бројот на дезинформациски пројави во вид на груби, навредливи, понижувачки и провокативни коментари под интернет-публикациите, кои јавно ги негираат злосторствата против Украина, ги одобруваат или оправдуваат истите или шират невистинити информации во врска со случувањата во Украина, порачува Здружението на Украинците во Северна Македонија „Лесја Украинка“.

Со оглед на постоење соодветни закони (на пример, одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик на РСМ), како и постоење соодветни групи во Европската Унија, како на пример, ESTF East StratCom Task Force, насочени на спречување руски дезинформации, и земајќи предвид дека Владата на РСМ најави активна соработка со стратешките сојузи ЕУ и НАТО, и реши да се спротивставува на лажните вести и дезинформациите, заштитувајќи ги граѓаните од штетите кои ги предизвикуваат овие појави, сметаме дека е потребно воведување на мерки насочени на сузбивање на бранот на лажните информации и говорот на омраза во врска со воената агресија на Русија врз Украина, посочуваат од „Лесја Украинка“.

Од здружението потенцираат дека, иако, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи најавија дека ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите  несени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело, се појавија и ставовите на македонските правници за невозможност да се примени горепосочениот закон се додека нема правосилно решение од Меѓународниот суд за признавање на дело за воено злосторство или геноцид. Поради тоа како и поради отсуство на кибер полиција во земјава, бараме начин да се справиме со енормниот број коментари кои служат за покренување на говор на омраза и поттикнување и оправдување насилство врз Украина во македонската јавност.

Нас ни е позната праксата на многу европски земји во врска со спречување на говорот на омраза, и како една од мерките на тоа – исклучување на коментари под публикации на медиумите, и со тоа намалување на ширење на бот пропагандата,

Од „Лесја Украинка“ сметаат дека руската пропаганда и разгорувањето проруско расположение, воедно како и впечаток за постоење на големи слоеви на население кои се подлегнати на таквата пропаганда, покрај друго, й нанесуваат огромна штета на Република Северна Македонија, и се насочени на дестабилизација на земјата и Балканот, на уривање на угледот на државните институции и медиумите.

Со оглед на гореизнесеното, со цел да се намали штетното влијание на руската пропаганда преку вештачки создадени страни и профили, како и искривување на реалната слика на објавени публикации и видео информации преку коментарите во вашите ценети медиуми, ве молиме за отстранување на изворите за истите, односно во најкраток можен рок да укинете можност за пишување коментари под чувствителни публикации на интернет страните и социјалните мрежи, посветени на руската инвазија на Украина и сите настани поврзани со истата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ