УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Без граѓанинот кој е подготвен секојдневно и во секоја ситуација да делува на начин кој ја обезбедува заедничката зелена иднина, не може да стане збор за поставување на нејзините темели и нејзина изградба (како збир од вредности, посебен начин на однесување, свест за последиците од сопствените активности, односи кои ја имаат предвид различноста и социјални параметри кои не запоставуваат и занемаруваат ниту еден човек во процесот на развој и напредок), прочитајте во колумната на Мирјана Најчевска „Зелената иднина е можна со демократија, активни граѓани и владеење на правото “.
Пред три години, Владата донесе одлука со која им помогна на општините да се раздолжат до половина од своите долгови. Имаше низа услови што требаше да ги исполнат општините за да ја добијат помошта. Целиот пакет изнесуваше 50 милиони евра. Но тоа не помогна кај некои општини и сега долговите се скоро како и пред владината помош. Тоа покажува дека нешто со изворите на финансирање и трошење во општините не е во ред, пишува Војо Маневски „Чии се нашите кредити?“.
Како и да е, јасно е дека Заев нема да биде на извршното чело на државата кон средината на декември, кога Софија ќе одлучува „какво става“ со прашањето за продолжувањето на македонската интеграција во ЕУ. Колку што успевам да следам, во бугарската јавност (повремено со триумфализам – што би рекол, во сличен самозадоволен контекст, еден легендарен балкански лузер каков што е Шешељ: „Така завршуваат слугите на Западот!“) е јасен впечатокот дека тие одиграа една од поважните улоги во падот на Заев. Истиот впечаток се споделува и во Брисел, иако е за очекување и ова лицемерие европејците брзо да го „преболат, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Каде оди овој брод??”.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
СОБРАНИЕ: Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Во организација на Програмата за Западен Балкан на Центарот AIRE, Регионалната Антикорупциска иницијатива (РАИ) и Министерството за правда, денеска во Скопје ќе се одржи регионална конференција на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“.
ПОСЕТА: Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Пелеши ќе биде пречекан од министерката Радмила Шекеринска, а по официјалната церемонија со највисоки воени почести, ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев