Украина губи 60-100 војници дневно како убиени во акција и околу 500 војници како ранети во акција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американскиот ТВ канал Њузмакс, јавува дописникот на Укринформ.
„Ситуацијата е многу тешка. Губиме 60-100 војници дневно како убиени во акција и околу 500 луѓе како ранети во акција. Значи, ние ги држиме нашите одбранбени периметри. Најтешката ситуација е на истокот на Украина и јужниот дел на Доњецк и Луганск“, изјави Зеленски.
Според неговите зборови, Путин не може да победи, а светот мора да престане да го брани поради најновите злосторства извршени од руските војници.
„Сега тој е речиси изолиран. Светот секогаш му дава шанса, затоа што санкциите не се целосно наметнати. Има празнини кај некои од лидерите кои велат дека на рускиот лидер треба да му се понуди излез“, истакна претседателот на Украина.
Според Зеленски, слабоста на Путин и Русија не е само во неуспехот да окупираат помала соседна нација, туку и во обидите да го симнат како лидер.
„Обидот да се убие лидерот на оваа или онаа земја е слабост, би рекол. Ако не можете да зборувате, тогаш тоа е слабост. Слабоста е да се започне војната, а тие веќе покажаа дека постои слабост. Ако не можете да ја окупирате таа земја, тоа е слабост. И истовремено, ако сакате нешто да се случи со семејството на лидерот на другата земја, тогаш тоа е политичка неспособност да направите било што“, додаде Зеленски.
Подготви: Д.Мишев