Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети позициите на фронтот на украинската војска во регионот Запорижја и им додели државни награди на војниците, објави Шефот на државата на својата Фејсбук страница.
„Регион Запорижја. Позиции на фронтот. Чест ми е што сум денес овде, покрај нашата војска. Благодарен сум на секој од нашите воини што ја бранеа Украина, нашиот суверенитет, нашите градови и нашите деца. Дефинитивно ќе победиме“, напиша Зеленски.
Генералштабот на вооружените сили на Украина нагласува дека заканата од дополнителни непријателски ракетни напади и воздушни напади на територијата на Украина останува висока.
Во правецот на Запорижја, непријателот ја продолжува одбраната. Руските сили гранатираа повеќе од 30 населени места, вклучувајќи ги Олхивске, Червоне, Чаривне, Орихив во регионот Запорожје;
Како што соопшти Генералштабот преку објава на Фејсбук, вооружените сили на Украина елиминираа околу 171.160 руски војници во Украина од 24 февруари 2022 година до 27 март 2023 година, вклучувајќи 610 напаѓачи само во текот на изминатиот ден.
Подготви: Д. Мишев