• Latest

Зеленски: Граѓани на Русија, како вашата блокада на Мариупол се разликува од блокадата на Ленинград за време на Втората светска војна, кого го наследувате?

March 17, 2022
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Граѓани на Русија, како вашата блокада на Мариупол се разликува од блокадата на Ленинград за време на Втората светска војна, кого го наследувате?

March 17, 2022 11:14
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Моите приоритети во преговорите се апсолутно јасни: крај на војната, безбедносни гаранции, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции за нашата земја, вистинска заштита на нашата земја., напиша украинскиот претседател Зеленски во Фесјсбук објавата со неговото  денешно обраќање.

Градоначалникот на Мелитопол конечно беше ослободен од заробеништво. Нашиот украински Мелитопол, кој не се потчини и нема да се потчини на окупаторите. Иван Федоров е слободен. Денеска разговарав со него. Руската војска го киднапираше уште на 11 март, обидувајќи се да го убеди да соработува. Но, нашиот дечко преживеа. Тој не се предаде. Како сите издржуваме. Вие сите. Како што сите не се предаваме. Затоа што ние сме Украинци. И секогаш го штитиме своето и своите, истакна Зеленски на почетокот на неговото обраќање.

Во Бердјанск денеска повторно се одржа протестна акција. Протест против окупаторите од Руската Федерација. Илјадници храбри цивили излегоа против вооружената руска војска. И им кажаа се, се тие што заслужија. Тоа е многу важно.

Знам дека е тешко. Но, важно е и она што го слушнаа од нашиот народ, вклучително и на руски јазик, за да биде јасно и недвосмислено: окупатори, одете дома.

Сè уште постои таква можност. Секој војник кој е на територијата на нашата земја има таква можност. Секој што сè уште не умрел, не е ранет или земен во заробеништво.

Руските трупи претрпуваат такви загуби во Украина, кои не беа во Сирија, не беа во Чеченија. Ниту советските трупи во Авганистан. Ако вашата војна, војната против украинскиот народ, продолжи, мајките на Русија ќе изгубат повеќе деца отколку во авганистанската и чеченската војна заедно. Зошто ви е потребно ова?

Секој руски војник кој ќе го положи оружјето ќе добие шанса, шанса да преживее.

Апелирам конкретно до регрутите кои беа фрлени во казанот на оваа војна. Туѓа војна. И на останатите руски војници, кои сè уште имаат инстинкт на самоодржување.

Положете го оружјето. Подобро е од умирање на бојното поле, на наша почва.

За жал, хуманитарните коридори не функционираа во средата. Руската војска не престана со гранатирање, не гарантираше безбедност.

Подготвени сме да обезбедиме молк. Подготвени сме да ги извадиме луѓето и да испратиме хуманитарна помош. Но, ние не можеме да ги праќаме луѓето сред пукање на пат. Разберете не. Под фактот дека за руската војска нема такво воено злосторство, кое тие не би го направиле.

Ги земаме жителите на Мариупол кои успеаја да побегнат во Бердјанск… Ги носиме во Запорожје. Вкупно, повеќе од 6.000 жители на Мариупол беа превезени за денешниот ден, од кои повеќе од 2.000 биле деца.

Руската војска се обиде да го спречи и ова движење. Тие отвориле минофрлачки оган на делот од патот меѓу Василивка и Камјански во Запорожската област. Само за чудо нема жртви. Петмина Украинци се повредени, меѓу кои и две деца.

Во Чернигив окупаторите пукаа врз цивилите кои едноставно стоеја во ред за леб. Замислете. Десет починати.

Во Мариупол, во блокираниот Мариупол, руските авиони намерно фрлија тешка бомба врз Драмскиот театар во центарот на градот. Таму од гранатирањето се криеле стотици луѓе… Зградата е уништена. Бројот на загинатите се уште не е познат. Нашите срца се скршени од она што Русија му го прави на нашиот народ. Со нашиот Мариупол. Со Доњецката област.

Граѓани на Русија! Како вашата блокада на Мариупол се разликува од блокадата на Ленинград за време на Втората светска војна? Кого го наследувате?

Нема да ги заборавиме сите чии животи ги одзедоа окупаторите. Ние нема да простиме ниту една убиена душа. Вечен спомен на сите жртви на овој терор! На сите жртви на војната што ја започна руската држава.

Што уште треба да направат окупаторите, уште колку луѓе треба да убијат за западните лидери, лидерите на НАТО, позитивно да одговорат на барањето на Украина за зона забранета за летови или на нашата земја да и ги дадат авионите кои толку очајно ни се потребни?

За ова денес зборував во говорот пред Конгресот на Соединетите Американски Држави.

Украина доби силна поддршка од нашите американски пријатели. И јас сум му благодарен на Претседателот Бајден за тоа. Благодарен сум на лидерството што го обедини демократскиот свет.

Но, војната не завршува. Воените злосторства на Русија не престануваат. Руската економија сè уште е во состојба да ја одржува својата воена машина. Затоа се потребни нови пакети санкции против Русија. Светот мора конечно официјално да признае дека Русија стана терористичка држава.

И што е најважно, Украина треба да добие поголема поддршка. Дури и поголема отколку онаа што ја добиваме сега. Системи за противвоздушна одбрана. Авиони. Доволно летално оружје и муниција за да се запрат руските окупатори.

Во овој говор во Конгресот упатив апел и до Соединетите Држави и до сите одговорни за создавање на нов сојуз на У-24.

Нов сојуз кој ќе обезбеди секој агресор да добие координиран одговор од светот. Брзо и ефикасно. Веднаш. Не преку недели, месеци, години, туку во првите 24 часа по нападот.

Ние не можеме повеќе да им веруваме на постоечките институции. Не можеме да очекуваме бирократите во меѓународните организации да се сменат толку брзо. Затоа, мора да бараме нови гаранции. Да создаваме нови инструменти. Да се соединиме со оние кои имаат храброст и го прават она што го бара правдата. Веќе докажавме дека можеме да правиме историски работи. Ова не е само наш отпор. Не е само одбрана.

Дури и во такво време – најголемиот тест за Украина – можевме да се приклучиме на европската енергетска мрежа. Сега Украина може да користи струја од Европската унија. Одевме кон ова со децении. Конечно се случи! Благодарен сум им на сите енергетски инженери на нашата земја, на сите оние кои работеа за овој резултат.

Веќе работиме на програми за обновување на нашата земја по војната.

Им ветувам на сите, на секој Украинец кој го изгубил својот дом, кој го изгубил својот стан како резултат на воени дејствија или гранатирање, дека државата ќе обнови сè. Ќе обнови независно.

Уверен сум дека ќе успееме брзо да ја обновиме нашата држава. Каква и да е штетата… Тоа ќе биде историска реконструкција. Проект кој ќе го инспирира светот како и нашата борба за нашата слобода. Како нашата борба за нашата Украина.

Во текот на денот разговарав со пријателите на Украина – Претседателот на Турција Ердоган и Премиерот на Канада Трудо. Им се заблагодарив за поддршката. Се договоривме за нови чекори за мир за нашата земја.

Во разговор со Премиерот на Ирска, изразив сочувство за убиството од страна на руската војска на ирскиот државјанин – новинарот Пјер Закржевски.

Разговарав исто така и со Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Се договоривме да ги поддржиме нашите граѓани – привремени мигранти.

Во четврток наутро ќе се обратам пред германскиот парламент. Ќе продолжам да се борам за уште поголема поддршка за Украина, за уште поголем притисок врз Русија. Заради нашата заедничка победа, заради мирот за нас.

За доброто на нас, украинската делегација разговара со руската делегација. И сакам сите наши граѓани, граѓани на Украина, да ме слушнат сега.

Преговорите се во тек. Преговори за доброто на Украина.

Моите приоритети во преговорите се апсолутно јасни: крај на војната, безбедносни гаранции, суверенитет, обновување на територијалниот интегритет, реални гаранции за нашата земја, вистинска заштита на нашата земја.“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ