Имаме серија сериозни вести – апсолутно позитивни за нашата одбрана, го започна своето видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.Прво. Претставничкиот дом на Конгресот на САД гласаше за нов и значаен пакет поддршка за нашата држава и глобалната демократија. Речиси 40 милијарди долари. Второто гласање ќе се одржи наскоро во американскиот Сенат. Оваа одлука потоа ќе биде потпишана од Претседателот Бајден и ќе стапи на сила. Благодарен сум му на народот на Америка и на сите наши пријатели во Конгресот и во администрацијата за нивната поддршка.
Позитвното во ова, посочи Зеленски , е што овие средства ќе бидат искористени што е можно побрзо и без бирократија за зајакнување на одбраната на Украина. Пред се, тоа е оружје и муниција за нас, опрема. Но не само. Ова исто така ја поддржува и истрагата за воените злосторства на Руската Федерација, окупаторите, ја поддржува дипломатската работа и друго.
За втората одлука, Зеленски рече дека е важна, па дури и историска. Таа е повторување на познатата американска програма Lend-lease. Луѓето кои добро ја паметат историјата знаат дека оваа програма била еден од клучните предуслови за победата на сојузниците во Втората светска војна. Помошта од Lend-lease од Соединетите Американски Држави за Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз драматично го промени балансот на силите во Европа. Европејците тогаш добија широк асортиман на производи со Lend-lease – од авиони до камиони, од воздухопловно гориво до средства на комуникација. Патем, американските радио станици и другите работи доставени по Lend-lease работеа за советскиот народ долго по војната.
Во контекст на втората одлука, Зеленски посочи дека со децении, Хитлеровата Германија, дури и со сите ресурси на окупираните територии, не можеше да стори ништо за да му се спротивстави на овој потенцијал на сојузниците врз основа на американските производствени сили.
И не е случајно што новиот закон за Lend-lease за заштита на демократијата во Украина беше потпишан токму на 9 мај. Јас лично сум му благодарен на Претседателот Бајден за оваа поддршка, за оваа одлука и за таквата симболика, рече Зеленски, затоа што сега ја браниме слободата и правото на живот на сите слободни народи во војната против тиранијата, која не претставува ништо помала закана за Европа отколку пред 80 години.
Едноставно, програмата Lend-lease е шема за да го обезбеди необходно за одбрана. Иако формално е како заем, но всушност таа е толку корисна што е некоректно да се нарече заем.
Прво, ќе добиеме пристап до модерно оружје, муниција, опрема и не треба да бараме опции како да платиме за сето тоа, второ, сега со Lend-lease програмата Претседателот на Соединетите Држави нема да мора да се договори со Конгресот за помошта која ни ја даав. Ова ќе ја забрза испораката, истакна Зеленски.
Зеленски посебно ги издвои разговорите за безбедносните гаранции за Украина со нашите пријатели на многу суштински и постојан начин. Состанокот на Г7 на 8 мај, на кој Украиназа прв пат учествуваше на лидерско ниво, беше пред се за тоа.
Се договараме со водечките светски држави за да и дадеме на Украина доверба во безбедноста во наредните децении, вели Зеленски.Ова е прв пат во историјата на нашата држава кога има можност да се евидентираат вакви гаранции. Не нешто во меморандумот, не некоја декларативна желба за курс, туку конкретни гаранции. Не само правно валидни, туку и напишани така, за да биде јасно: што точно, кој конкретно и како конкретно ни гарантира. Дај Боже.
Зеленски посочи дека сите овие работи нема да функционираат за еден или неколку дена. Но, тој е сигурен дека овој мај ќе биде од посебно значење во украинската историја.
Зеленски додаде дека руските трупи сè уште се на украинска земја. Оние маргиналци кои руската држава си ги најде како соработници даваат изјави од космички размери и исто толку космичка глупост, како што нивното ниво се карактеризираше уште во „Кучешко срце“. Но, што и да прават окупаторите, тоа не значи ништо. Тие немаат никакви шанси. Тој изрази уверување дека ќе ги ослободат својата земја и народ. Тој почувствувал во комуникацијата со студентите на француските универзитети таква доверба во нивните прашања. А со новата поддршка од САД, со програмата за Lend-lease, со сета помош што ја добива Украина од Обединетото Кралство и Европската Унија, од Канада, Јапонија, Австралија – без претерување, од целиот слободен свет – ќе биде полесно.
Денес разговарав и со германскиот Канцелар Олаф Шолц. За одбранбената помош за Украина, енергетската соработка и новите санкции. Нови – против Русија. Чекор по чекор, правиме се за токму агресорот да биде најмногу повреден од агресијата, информира Зеленски. Меѓутоа, зборувајќи за помошта од партнерите, не смееме да заборавиме дека победата ја извојуваат директно Украинците и Украинките кои се борат. Сите оние, кои го напаѓаат непријателот и ја зајакнуваат одбраната.
Зеленски кажа дека само вчера на 404 воени лица на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди. Титулата Херој на Украина (посмртно) му беше доделена на полковник Игор Беѕаи, началник на службата за безбедност на летот – виш инспектор-пилот на поморската команда. Севкупно, повеќе од 13.000 наши војници добија државни награди за време на војната од големи размери.
Ова точно ја карактеризира храброста на сите наши бранители, на сите наши бранителки.Благодарен сум му на секој и секоја од нив! Многу сум благодарен.Вечна слава на сите кои се борат за слобода!Вечен спомен на сите кои ги дадоа своите животи за нас, за секој, за секоја. За Украина!изјави Зеленски.
Слава на Украина!
Подготви: Д.Мишев