• Latest

Зеленски: Линијата на фронтот во Украина надминува 1.000 километри, руските агресори контролираат околу 20% од територијата на Украина

June 2, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Линијата на фронтот во Украина надминува 1.000 километри, руските агресори контролираат околу 20% од територијата на Украина

June 2, 2022 15:33
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Борбите во Украина продолжуваат на повеќе од 1.000 километри по линијата на  фронтот, а Русија ги уфрли сите свои борбено подготвени воени формации во војната против Украинците, ја пренесува Укринформ изјавата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, од обраќањето до политичарите и народот на Луксембург.

„Продолжуваат борбите на огромната територија од градот Харков на истокот на нашата земја до градот Миколаев на југ. Правата линија меѓу нив е долга 454 километри. Но, ако ја погледнете целата линија на фронтот, и таа, се разбира, не е права, оваа линија е повеќе од илјада километри. Само замисли! Постојани борби, кои се протегаа по линијата на фронтот повеќе од илјада километри“, рече Зеленски

Украинците мора да се бранат од практично целата руска армија бидејќи сите борбено подготвени руски воени единици се уфрлени во агресијата, нагласи Зеленски.

Украина секојдневно страда од руски ракетни напади, нагласи претседателот. Само вчера Русија употреби 15 различни крстаречки ракети. Од 24 февруари досега се употребени 2.478 проектили. Повеќето од нив беа насочени кон цивилната инфраструктура.

„Бројот на загинатите на окупаторите е веќе повеќе од 30.000 војници. Тоа е поголемо од бројот на загинати на Советскиот Сојуз во 10-годишната војна во Авганистан. Повеќе од бројот на загинати во Русија во двете чеченски војни. Но, тоа не ја спречува Русија. Оваа држава е сè уште подготвена да губи и убива“, додаде Зеленски.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека руските трупи сега контролираат речиси 20 отсто од територијата на Украина, но украинските одбранбени сили ослободиле 1.017 локалитети од почетокот на целосната инвазија.

„Руските трупи нападнаа 3.620 населени локалитети на Украина. 1.017 од нив се веќе ослободени, уште 2.603 треба да се ослободат. Од денес, околу 20% од нашата територија е под контрола на окупаторите, речиси 125.000 квадратни километри. Тоа е многу повеќе отколку просторот на сите земји од Бенелукс заедно“, рече Зеленски во своето обраќање пред политичарите и народот на Луксембург, пренесува Укринформ.

Во исто време, претседателот истакна дека Русија ја започна војната против Украина пред осум години. Од 2014 година до 24 февруари 2022 година, Русија контролираше речиси 43.000 квадратни километри од територијата на Украина – Крим и една третина од регионите Доњецк и Луганск.

Зеленски додаде дека во моментов околу 300.000 квадратни километри од територијата на Украина се контаминирани со мини и неексплодирани убојни средства.

Покрај тоа, 12 милиони Украинци станаа внатрешно раселени лица, а повеќе од 5 милиони, главно жени и деца, ја напуштија земјата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ