Руските напаѓачи требаше одамна да сфатат дека Украинците ќе ја бранат својата земја до последен, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук.
„Во оваа војна, окупаторите се обидуваат да исцедат барем некој резултат за себе. Но, одамна требаше да сфатат дека ќе си ја браниме земјата до последен. Немаат никакви шанси. Ќе се бориме и дефинитивно ќе победиме“, напиша Зеленски.
На 29 мај 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети позициите на фронтот на украинската војска во регионот Харкив.
Д.Мишев