• Latest

Зеленски пред Советот за безбедност на ОН: Русите ќе ги обвинат сите освен себе си за овие злосторства

April 5, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски пред Советот за безбедност на ОН: Русите ќе ги обвинат сите освен себе си за овие злосторства

April 5, 2022 18:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео конференциска врска се обраќа пред Советот за безбедност на ОН. Ова е негово прво обраќање пред Советот за безбедност од почетокот на руската инвазија.

Се очекува тој да ги повика членките на ОН да воведат нови, построги санкции кон Москва. Според информациите, Зеленски ќе зборува и за масакрот на цивилите во Буча, град во близина на Киев, кој го посети вчера по извештаите за масовни убиства на цивили за време на руската окупација.

На почетокот Зеленски истакна дека се обраќа во ОН „во ​​име на жртвите на Русија“.

– Вчера се вратив од Буча, која неодамна беше ослободена. Нема злосторство што Русите не го извршиле таму. Убиваа жени кои се обидоа да побараат помош. Убија цели семејства и се обидоа да запалат тела. Им сечеа вратови и екстремитети на луѓето. Им пукале од зад грб во глава откако ги мачеле и им ги врзувале рацете, истакна Зеленски, додавајќи дека „руските војници ги барале и намерно ги убивале сите што работеле за Украина. Убивале цивили во Буча од задоволство“.

– Тие убиваа и силуваа жени пред нивните деца. И тоа го направија руските војници. Светот допрва треба да види што направија во другите окупирани области на нашата земја, додаде украинскиот претседател во своето обраќање.

Тој ги спореди злосторствата на руската армија со злосторствата на терористичката организација Исламска држава.

– Во Украина ги гледаме најлошите воени злосторства д Втората светска војна. Тие намерно создаваат масовно гладување, намерно уништуваат засолништа полни со цивили. Масакрот во Буча е само еден, за жал само еден пример на она што окупаторите и го прават на нашата земја од почетокот на инвазијата. Мариупол, Бородјанка…таму се вршеа злосторства како во Буча, рече Зеленски.

– Знам што ќе кажат Русите за ова. Тие ќе ги обвинат сите освен себе си за овие злосторства. Ќе изнесуваат различни теории за никој да не знае што се случило. Но, ова е 2022 година, имаме конкретни докази, имаме сателитски снимки…, изјави украинскиот претседател.

Тој истакна дека „руската армија отворено ги ограбува градовите и селата што ги освоија. Тие крадат сè, почнувајќи од храна. Го крадат накитот на жртвите, накит на кој сè уште има крв“.

– Ако вака продолжи, сите земји ќе се потпрат на своите вооружени сили, а не на меѓународното право. ОН тогаш може да престанат да работат. Дали сте подготвени за тоа? Ако не, тогаш мора да дејствувате итно, рече Зеленски.

Според него, „раководството на руската армија и сите оние кои им дадоа наредби мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Ова треба да биде слично на судењето во Нирнберг по Втората светска војна“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ