Колку повеќе ракетни напади се лансираат врз цивилните објекти на Украина, толку Русија е подалеку од цивилизацијата, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален профил на Телаграм.
„Тие се обидуваат да ја истурат својата немоќ. Затоа што не можат да ја победат Украина,, напиша Зеленски.
Но, тие можат – досега – да запалат детски атракции во паркот Горки во Харков или да уништат мост. Или складиште за жито или куќа со луѓе. Колку повеќе такви удари, толку Русија е подалеку од цивилизацијата. Од она што се нарекува цивилизираност“, објави претседателот на Украина.
Како што претходно беше соопштено, руските војници извршија ракетен напад врз индустриско претпријатие во градот Славјанск, регионот Доњецк.
Подготви: Д.Мишев