Победа на вистината значи победа за Украина и Украинците. Прашањето е кога ќе заврши. Тоа е длабоко прашање. Тоа е болно прашање. Освен победата, украинскиот народ нема да прифати никаков друг исход.изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Фокс њуз.
Ние не тргуваме со нашата територија“, одговори Зеленски. „Прашањето за територијалниот интегритет и суверенитет е надвор од дискусија.
Зеленски изјави дека како полноправна членка, Украина би можела да ја направи Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) многу посилна.
Тешко ни е да зборуваме за НАТО, бидејќи НАТО не сака да не прими. Мислам дека тоа е грешка, бидејќи ако влеземе во НАТО, ќе го направиме НАТО многу посилен. Ние не сме слаба држава. Не предлагаме да не’ направи посилни на сметка на НАТО… Ние сме додаток, ние сме локомотива. Мислам дека сме една од важните компоненти на европскиот континент, рече Зеленски.
Според неговите зборови, Соединетите Држави сега го разгледуваат предлогот на Киев во врска со нивното вклучување во безбедносен договор што ќе обезбеди долгорочна поддршка за Украина.
Според претседателот на Украина, Путин ќе ја продолжи својата агресија во Европа надвор од Украина и ќе го добие она што го сака „освен ако сега не биде запрен“. Русите сакаат се што ќе им даде Западот, а „апетитите обично растат“.
Сите мора да знаат дека, ако не притиснат во аголот, украинската војска ќе одговори со полна сила“, нагласи Зеленски.
Д.Мишев