• Latest
Фото: Скриншот

Зеленски: Во ЕУ нема дилема кој е агресор, членките на Унијата се на украинската страна

June 27, 2024
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Во ЕУ нема дилема кој е агресор, членките на Унијата се на украинската страна

June 27, 2024 14:52
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Со одлуката за поддршка на Украина повеќето земји членки на ЕУ покажаа дека се на вистинската страна, на украинската страна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на Самитот на Унијата во Брисел, пренесува МИА.

Во присуство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Зеленски изрази благодарност до сите лидери на ЕУ за „историскиот исход“ со одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Украина во вторникот и почетокот на преговорите за членство во Унијата.

– Долго време го чекавме ова. Знаете дека сите, и цивилите и секако нашите херои на бојното поле, сакаме да бидеме во ЕУ, изјави Зеленски, додавајќи дека стартот на преговорите е „многу важен за сите, за цела Украина“.

Тој нагласи дека со европските лидери ќе разговара за „следните чекори“, пред се за поддршката со противвоздушна одбрана и за целиот воен пакет за помош, како и за одлуката за искористување на приходите од руските замрзнати средства.

Зеленски се заблагодари и за учеството на претставници на ЕУ на Мировниот самит за Украина што се одржа во Швајцарија и најави дека со европските лидери ќе разговара за одржување на втор самит. Според Зеленски, Украина со своите партнери во следните месеци ќе работи на подготовка на заеднички мировен план, кој би бил разгледуван на следниот мировен самит.

Запрашан дали Украина е подготвена за преговори за мир со Русија, Зеленски истакна дека од руска страна засега нема никаков мировен план и дека нејзин единствен план е како војната да трае подолго.

– Но, нам ни е потребен (план) и ќе го направиме, бидејќи повеќето земји се на наша страна што се покажа и на првиот Мировен самит. Видов дека иако некои земји се скептични, тие сепак не разбираат нас и се на вистинската страна. На страната за запирање на оваа војна, бидејќи знаат дека оваа војна ни ја донесе Путин. Нема дилеми кој е агресор, додаде Зеленски.

Мишел од своја страна изјави дека изминатава недела ЕУ работеше многу напорно за да ја поддржи на Украина, прво преку постигнувањето на Договорот меѓу Унијата и земјата, што беше потпишан пред почетокот на Самитот, потоа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција и официјалниот старт на преговорите за членство на државата во блокот, како и за дополнителна поддршка, пред се воена и финансиска поддршка, преку одлуката за искористување на приходите од замрзнатите руски средства за помош на Украина.

– Кога Украинците се борат за одбрана на нивната иднина, за иднината на нивните деца, кога се борат за одбрана на нивната земја, се борат и за одбрана на нашите заеднички вредности, нашите соништа за повеќе мир, просперитет и повеќе безбедност, истакна Мишел, додавајќи дека ЕУ ги поддржува вредностите на Повелбата на ОН и територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Tags: ЕУЗеленскиМишел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ