Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил објави реакција по денешниот масакр врз цивилното население во Запорижја кога руските сили истрелале ракети врз хуманитарен конвој кој се движел кон окупираните територии со цел да ги евакуира цивилите и да достави помош.
Терористичката држава истрела проектили врз цивилното население во Запорожје, регионот на Миколаев, регионот Дњепропетровск. Ги погодува украинските региони со MLRS и беспилотни летала. Само утрово окупаторите истрелаа 16 проектили кон Запорожје и околината! Тоа можат да го направат само искрени терористи, на кои не би требало да им биде место во цивилизираниот свет, објави Зеленски.
Непријателот е огорчен и се обидува да се одмазди за нашата истрајност и неговите неуспеси. Цинично ги уништува мирните Украинци, бидејќи одамна изгубил се што е човечко. Крвожедни гадови! Дефинитивно ќе одговарате. За секој украински живот што го одзедовте! нагласи Зеленски.
Подготви: Д.Мишев