Евроамбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Гевгелија изјави дека е оптимист кога станува збор за составувањето на новата влада.
„Секогаш сум оптимист. Мислам дека и еврокомесарот Јоханес Хан беше оптимист кога заминуваше од земјава. Тој беше убеден дека политичките лидери во вашата земја ќе најдат начин како да се излезе од сегашната ситуација, односно се надеваме дека ќе најдат начин кој ќе биде најдобар за земјата“, рече Жбогар при посетата на Гевгелија, каде присуствуваше на почетокот на изградбата на новиот водоводен систем со средства од ИПА фондовите.
По настанот и средбата со градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, Жбогар истакна дека Европската унија го следи и проблемот со блокадата на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони.