• Latest

Жерновски: Македонија негува културна и верска разновидност како наследство и како предност

July 27, 2018

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жерновски: Македонија негува културна и верска разновидност како наследство и како предност

July 27, 2018 13:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски вчера во Вашингтон учествуваше на Министерската конференција за унапредување на верските слободи, чиј домаќин беше државниот секретар Мајкл Помпео. 

Конференцијата ја отвори потпрестедателот на САД, Мајк Пенс, кој истакна дека религиозните слободи се клучен приоритет во надворешната политика на САД и се во интерес на мирот и безбедноста во светот.

Жерновски за МИА изјави дека имал обраќање  на панелот „Посветени на акција”, каде, меѓудругото, истакнал дека Република Македонија ја негува културната и верската разновидност како наследство и како предност.

Тој ги информирал присутните дека Владата  на РМ е целосно посветена на промовирање на еднакви можности за сите, без оглед на нивната религија, етничко потекло, раса или пол, како и на подобрување на дијалогот, толеранцијата и почитувањето, зачувувајќи ги слободата и достоинството на сите луѓе, без исклучок. Се осврнал и на напорите што Владата ги прави во борбата против дискриминацијата со  донесување на нов закон за спречување и заштита од дискриминација.

На конфернцијата Жерновски се сретнал со претставници на американската адиминстрација.

– Беше реафирмиран континуираниот и конструктивен билатерален политички дијалог помеѓу Република Македонија и САД што е базиран на традиционално пријателство и стратегиско партнерство меѓу двете земји,истакна тој.

Додаде дека ​во текот на разговорите добил признание за тоа како се води надворешната политика на Република Македонија.

-За ова говорат постигнатите резултати, патоказот за ЕУ, поканата за членство во НАТО, постигнатите договори со Бугарија и Грција, како и посочувањето на Македонија од страна на меѓународната заедница како светол пример во регионот, кажа Жерновски.

Тој денес во Стејт департментот остварил средба и со Мајкл Марфи, заменик-помошник државен секретар на САД за безбедносни и политичко-воени работи. Тема на разговор биле претстојните активности и предвидената динамика во процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО.

-Изразувајќи задоволство заради брзото започнување на преговори, Марфи подвлече дека Република Македонија може да смета на активната поддршка на САД во текот на овој процес, изјави Жерновски за МИА.

Tags: Ангреј Жерновскикултурна и верска разновидностМакедонијанаследствопредност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ