• Latest

Жешка собраниска седница, во фокусот – Нина Ангеловска

August 30, 2019

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жешка собраниска седница, во фокусот – Нина Ангеловска

Пратениците во меѓусебните реплики се прозиваат и критикуваат за економијата – опозиционерите обвинуваат за негативни показатели, а од власта посочуваат аргументи за позитивни трендови.

August 30, 2019 21:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На попладневното продолжение на 110-тата седница пратениците од власта и опозицијата дебатираат за предлозите за нови членови на Владата, а во фокусот на расправата е предлогот за новата министерка за финансии, 31-годишната Нина Ангеловска. МИА објави преглед на акценти од оваа седница.

Пратениците во меѓусебните реплики се прозиваат и критикуваат за економијата – опозиционерите обвинуваат за негативни показатели, а од власта посочуваат аргументи за позитивни трендови.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ѝ порача на предложената Ангеловска „помалку да го слуша премиерот“ зашто, според него, таа не е доволно информирана за финансиската состојба на државата – за заемите, задолжувањата, намалената наплата на даноците…

-Немам никаков сомнеж околу личниот капацитет, немам ни право затоа што помлад станав пратеник во Собранието и би било нефер да критикувам. Слушам и позитивни работи, но ќе бидете доведени во ситуација да потпишете комерцијален заем, не програмски, со отсуство на проект, за изградба на Клинички центар. Ваша ќе биде лична одлуката дали ќе ставите потпис. Ќе бидете соочена во оптек да се пушти нова еврообврзница за која Владата планира да биде од половина милијарда евра, рече Димовски.

Тој ја обвини Владата предводена од СДСМ дека не само што не го вратила и намалила долгот туку, како што рече, за 600 милиони евра е зголемен вкупниот долг на земјава  откако е СДСМ на власт.

-Буџетот е финансиски стабилен и ликвиден како никогаш досега, одговори Заев, посочувајќи притоа бројки за позитивни движења во економијата.

Пратеникот Влатко Ѓорчев праша дали се исплаќаат плати на рака во фирмата на Ангеловска и кои се профилите на луѓето во Вебспот, фирма-мајка на Групер.

– Дали идната министерка исплаќа плата на рака. Ако е така, не е морално. Успешна приказна ни се продава за фирма во која се делат плати од 12.000 до 14.000 денари за да се плаќаат помалку придонеси. Од друга страна, гледаме дека бизнис-условите поред неколку години и не биле така лоши за време на режимот,  рече Ѓорчев.

Ја повика Ангеловска на прес-конференција да каже како за еден месец треба да го прави буџетот за 2020 година и праша дали ги знае имињата на луѓето со кои ќе соработува, вклучително и на заменик-министерката за финансии.

– Ангеловска може да биде добар заменик-директор во Фондот за иновации, не за министер. Нина Ангеловска е добар менаџер но апсолутно не е спремна да го води Министерството за финансии, рече Ѓорчев.

На оваа седница Ангеловска нема право да одговара на пратенички прашања и тоа го прави претседателот на Владата како нејзин предлагач. Заев  им порача на опозициските пратеници да се воздржат од интриги со кои го валкаат и дискредитираат професионалниот бекграунд на Ангеловска.

-Имате успешен млад човек, а вие со леснотија и од старт ја уништувате како личност. Кажувате негативен пример само за политички цели затоа што не е од ВМРО-ДПМНЕ. Разбирам различни ставови и критики, но ваков наратив не може да ја подобри состојбата на државата, рече Заев реплицирајќи му на Ѓорчев. Во нејзино име премиерот одговори дека Ангеловска е упатена во ставките за ребалансот на буџетот кој, рече, во понеделник или вторник ќе биде на седница на Влада и потоа доставен до Собранието.

извор: МИА

Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ