• Latest

Жителите на скопско Ласкарци реагираат дека по тригодишни ветувања, деновиве предизборно се покриваат улиците

December 5, 2016

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жителите на скопско Ласкарци реагираат дека по тригодишни ветувања, деновиве предизборно се покриваат улиците

December 5, 2016 19:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на скопското село Ласкарци, во областа Дервен, на патот кон Тетово, се револтирани од актуелните градежни работи на локалните власти, кои имаат за цел – добивање на гласови.  На граѓанскиот новинар кој сакаше да остане анонимен, тие му изјавиле дека е во ред да се изведуваат градежни работи во селото, но не – во пресрет на изборите. Граѓаните се револтирани од потегот, и тоа и го споделуваат и на социјалните мрежи, протестирајќи што властите се сетиле и на нив, токму сега…

На официјалната Фејсбук страница на Локалната заедница на селото Ласкарци, се наведува: „Денес, на 30.11.2016 започна работата за  поставување на бекатонски плочки на една улица, планирани од раководството на Локалната заедница, со помош од нашата општина (Сарај)“.

Улицата на фотографиите почна да се гради на 10-от ден од предизборната кампања на изборите што ќе се одржат на 11-ти декември, 2016 година.

[huge_it_gallery id=”16″]

„Изградбата на оваа улица се ветува многу години”, му изјавил жител на селото, кој сака да остане анонимен заради сопствената безбедност, на граѓанскиот новинар. Тој вели дека изведбата е дело на Локалната заедница на селото, чие раководство се поддржувачи на владејачката партија – ДУИ, во соработка со Општина Сарај, чиј градоначалник е Беким Мурати, кадар на ДУИ.

Изворот на граѓанскиот новинар вели дека ДУИ се обидува да ги придобие гласовите на жителите на селото, со предизборно прекривање на улицата со бекатон-плочки, како доказ дека во селото нешто се работело и дека партијата ги заслужува гласовите на жителите.

Граѓанскиот новинар направи и анкета со неколку жители од селото, од кои добил идентични одговори. На прашањето кога е поднесено барање за изградба на улицата, одговорот на жителите е дека тие не поднеле барање за изградба! На прашањето – кога за првпат, Општината ветила изградба на оваа улица, одговорот е – „уште во 2013-та година!“. А на прашањето за нивно мислење – зошто оваа улица се гради токму сега, граѓаните главно одговориле:  „Улицава се гради сега, за да се одвлече вниманието на жителите од јакнењето на албанската опозиција, и тие да се убедат да гласаат за албанскатапартија во власта“.

Истовремено, токму во пресрет на предвремените избори, се изведуваат работи за поправање на регионалниот пат Скопје–Тетово. Поправките на патот се вршат во зимски услови и не можат да се оправдаат никако поинаку, освен дека крајната цел на овие “задоцнети” работења се – гласовите на жителите на Ласкарци и на целиот Дервен.

Tags: бекатон-плочкиградежни работиДервенДУИкампањаЛаскарциСарајСкопје-Тетовоулица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ