• Latest
СМРТ Излегол од автомобилот во дворот на Владата, одел споро, имал патерици и кога дошол до вратата за влезе во зградата, таа била затворена...

Животот на Зоран Ѓинѓиќ во ножиците меѓу душманите од Дедиње и Земун

March 15, 2023

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025
Фото: Скриншот МИА

Салиу: Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина за пожарот во Кочани

June 5, 2025
Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

June 5, 2025
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

Клековски: Одговорно тврдам дека имаме капацитет за лекување на пациентите од трагедијата во Кочани

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Животот на Зоран Ѓинѓиќ во ножиците меѓу душманите од Дедиње и Земун

Од атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ минаа две децении. Јасно е дека извршители на тој чин беа оние кои седеа врз акумулираниот капитал од црниот пазар на Србија, па и од регионот. Тоа не значи дека ја нема и политиката. Напротив, од несопирливите криминални рути живееле добри и оние на Дедиње и оние во Земун. Нив меѓу другото ги поврзувал и шверцот со цигарите, кој на Балканот си нашол свое Елдорадо

March 15, 2023 14:01
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
СМРТ Излегол од автомобилот во дворот на Владата, одел споро, имал патерици и кога дошол до вратата за влезе во зградата, таа била затворена...

СМРТ Излегол од автомобилот во дворот на Владата, одел споро, имал патерици и кога дошол до вратата за влезе во зградата, таа била затворена...

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

На 11 март пред 17 години во затворот Шевенинген почина Слободан Милошевиќ, долгогодишниот лидер на Србија, во чие време неговата земја изгуби неколку војни, кој влијаеше секако на распадот на СФРЈ и кој воведе една посебна форма на плутократија по која ќе остане запомнат. Или можеби и нема да остане запомнат – овој ден речиси никаде и не беше обележен во неговата земја, „бидејќи нема и со што да се одбележува“ како што викендов забележа Зоран Живковиќ, еден од премиерите во постмилошевиќевскиот период. Затоа сите пишуваа или говореа за човекот кој беше убиен пред 20 години.

По игра на судбината датумот на неговата смрт е речиси поклопен со починатиот од Шевенинген и кој беше клучниот Милошевиќ да биде испорачан  во Хаг. Тоа беше Зоран Ѓинѓиќ и за кого се напишани две дузини книги а кој и по признанието на оние „кои не му биле фанови“ (признава и првиот автор – публицистот Бојан Љубеновиќ), си заработиле на такви писанија. Сега сите се повикуваат на неговите идеи, на макотрпното работење за обнова на Србија во најлоши можни внатрешни и надворешни услови и со само 6 отсто поддршка во јавното мислење. Барем до моментот на смртта, кога, после опелото над ковчегот на премиерот само околу црквата имало 300 илјади граѓани кои стоеле на плоштадот Славија во многу речит молк.

Денес тој е најголем политичар кога се говори за Србија а кој и дал  јасна ориентација – да биде западна земја, да е држава со демократски институции, истребен криминал, со хипотетички решен статус на Косово.

Новинарите врз негова кожа ги искусија новите граници на слободата

Многу е говорено за тоа „што би било“ но за тоа немал поддршка во медиумите на пример, кои и просто не му биле наклонети. Споменатиот Љубеновиќ признава дека новостекнатата слобода новинарите веднаш пробале да ја почувствуваат, да ја искусат, критикувајќи ја неговата власт, како форма на опипување на границите на таа слобода, која практично се покажала како неограничувана! (Ова ме потсетува на македонските новинари, кои ги наострија своите затапени пера после 2017 година, по голема пауза, ама тоа е друга приказна).

Ѓинѓиќ бил во премиерската фотелја две години и два месеци „Србија не е цветно поле, туку поле полно со нагазни мини. Постојано треба да пазиш да не нагазиш на некоја а тоа речиси и не е возможно“ – рекол Ѓинѓиќ во една прилика . Не контролирал ниту една институција – полицијата, војската, државната безбедност, имал влада составена од коалиција на 19 партии, од кои некои имале сосема спротивна политика од неговата.

Овој српски премиер навистина имал под себе, на тлото на кое чекорел, многу мини – дури и западните политичари истовремено тренирале строгост со владата на Ѓинѓиќ. Место да му помогнат да ги преброди сите премрежија тие доставувале до него само барања што го рушеле и онака неговиот тенок рејтинг  кај населението и ја дозагревале антизападната атмосфера во земјата. За ова деновиве на една трибина во програмата на N1 говореше и човекот кој беше министер за финансии во Ѓинѓиќевата влада – Божидар Ѓелиќ. Тој опишува дека после првиот обид на интернационализација на нивните потреби на конференцијата во швајцарскиот Давос, ка де работата била „тропа“, заминале за САД во очекувањето дека ќе бидат примени со раширени раце. Но, нив ниту еден сенатор не сакал да се сретне со Ѓинѓиќ.

Тоа било на крајот на јануари 2001 г. Меѓународната политика не се менува толку бргу – само се испорачувале листи на оние лица кои треба да се испорачаат во Хаг или листи на оние кои треба да се најдат на слобода! На крај на јуни 2001 година требала да се одржи донаторска конференција за да се обезбедат пари за Србија да спроведе разни реформи, еуфемизам за давање на средства за опстанок на Србија. Но неколку дена претходно американскиот амбасадор во Белград го повикува Ѓелиќ и му рекол дека истата е откажана. Причина – Слободан Милошевиќ сè уште не е во Хаг.

ПОГРЕБ Србите се сетија каков премиер имаа кога го изгубија – маса народ во погребна поворка

Има ли внатрешни резерви? Има, во рацете на мафијата!

Одисејата наречена барање на пријателска рака на Западот продолжила. Во ноември 2001 г. Ѓинѓиќ се сретнал со американскиот претседател Џорџ Буш јуниорот. Од тој чин не произлегло ништо особено брзо, освен што е направен, како што вели Ѓелиќ, продор во длабочина во американските институции во однос на владата на Ѓинѓиќ.

Јасно е дека една таква средба која треба да донесе бенефит на среднорочен план не ги решавала проблемите со кои се соочувал актуелниот српски премиер – пензиите доцнеле, инфлацијата била голема, рестрикциите биле секојдневие (и на струја и на гориво) а сепак остроумниот политичар ја нашол еден од изворите кои биле клучни и во една поширока смисла.

Имено, нему му било јасно дека целата ситуација во неговата земја, ама и на нестабилниот Балкан, лежи во спојот меѓу криминалот и политиката. Имено, со земјата владеат парите стекнати ва нелегален начин, пред се со  шверцот на цигари и нафта а претходно. Така стекнатиот капитал ја одржувал постојната плутократија „над водата“ ама и секој ден сè повеќе ги јакнел позициите на криминалот, па едно време не се ни знаело кој е главниот во политичкиот пејзаж.

Посебно е интересен моментот дека тогашните медиуми, најчесто го напаѓале премиерот дека тој е во некаква врска со подземјето! Особено тоа се говорело во однос на наводните врски на Зоран Ѓинѓиќ со организаторите на шверцот со тутун. Кампања зад која без сомнение стоеле политичарите кои постојано „цицале“ од валканите пари на тутунската мафија.

Приватизација на тутунските фабрики во земјата

Ѓелиќ вели во таа емисија (https://www.youtube.com/watch?v=5jIV9MN4kdc) дека околу 80 отсто од продажбата на српскиот пазар на цигари бил преку црниот пазар. Да нема забуни – тие цигари ги произведувале меѓународно признати брендови во фабрики, на пример, во Швајцарија и преку тој шверц годишно околу 90 милиони долари оделе во џебовите на криминалот. Внимавајте, колку биле тие пари големи кога просечниот работник или пензионер земал плата односно пензија која се менувала за грст марки или долари! Но, што е поважно, тие пари биле и изгубена добивка на државата – немало ниту акцизи од цигарите, стандарна акциска стока (ова добро го знаат и македонските политичари кои отворија фри-шопови на границата и се збогатија).

Шверцот со нафта бил уште поголем  – мафијата земала околу пет пати поголем приход (при тоа исто така нема акцизи, се разбира) и тоа е некаде околу 400 милиони долари на годишно ниво, смета Ѓелиќ.

Со прилив на тие пари мафијата зема во свои раце преголема моќ, меѓу другото може да ја корумпира и политиката. Ѓинѓиќ ги подржувал сите мерки кои неговата Влада можела да ги прави. Се влегло дури и во клинч со фамозната компанија Филип Морис од чии фабрики излегувале шверцуваните цигари. Од зградата во Немањина 11 им е порачано дека не смеат да го поддржуваат шверцот. Донесена е одлука да се сопре шверцот со нафта – таа можела да дојде исклучиво преку нафтовод во земјата. Тоа е веројатно оној преку Хрватска кој сега е проблематизиран. Одлуките на владата кај шверцот со цигари е довршена, за жал, после атентатот врз премиерот и тоа преку еден коперникански пресврт во третманот на таа акцизна стока. Во декември 2001 година се приватизирани тутунските фабрики во Ниш и Врање за да се донесат Филип Морис и Бритиш Американ Тобако кои стануваа сојузници против шверцот.

Криминалот е тој кој преживува

Борбата со криминалот се засилува после атентатот во акцијата Сабја, но Коштиница, како претседател на државата и наводен партнер во рамките на ДОС на чело на ДБ долго го држи противникот на новата власт – Раде Марковиќ, кој цело време палел компромитирачки документи. Дури 900 илјади страници компромитирачки материјал завршил во огнот на дебеовците. (Раде Марковиќ е потоа сепак уапсен и се уште е во затвор заради организирани убиства во негова режија).

АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ Тоа е чин кој го прави балканската мафија, кога ѝ се заканија со затворање на македонските граници, вели Томо Аврамски

Подземјето, политичкото и она криминалното, не само што полека останувало без доток на пари на кои навикнале, туку дознале дека кабинетот на Ѓинѓиќ го подготвува за крајот на март апсењето на земунскиот клан и на припадниците на СЈО (т.н. црвени беретки односно единица за специјални операции). Ова го кажува човекот кој го заменил по атентатот на премиерско место – Зоран Живковиќ. За овој чин е најнапред добиена согласност од војската дека „нема да се меша“, што кога веќе не помага е сепак напредок за Ѓинѓиќ а добиено е сведочење на криминалецот – соработник Чуме. Атентаторите излегоа побрзи, иако многу од нив настрадаа во текот на акцијата Сабја.

На местото на уапсените набргу на белградските улици дојдоа двата, меѓу себе скарани црногорски кланови и таму се сè уште и ги полнат рубриките на црните хроники по весниците. Шверцот со цигарите остана да функционира преку пристаништето во Бар, веќе засилен и со илегален проток на дрога (да се сетиме на апсењето на вевчанката Чочоровска).

Долго истерување на правдата

Судењето на извршителите траело долго – оние кои се осудени добиле извршни прсуди главно во 2009 година, после шест години. Сведоците на тие настани говореа деновиве дека  братот на судијата што го водел процесот бил уапсен и држен во затвор три години, додека не дал оставка. Двајца обвинители, првиот и вториот во случајот се сменети, еден по друг… Првообвинетиот на судењето – Легија, е суден токму три години и доби 40 години затвор.

ТРИ ГОДИНИ СУДЕН Првообвинетиот Легија е осуден откако дури три години се водела постапката

Во неодамнешното гостување на Томо Аврамски во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, овој човек, од камелеонски профил, кој до гуша бил замешан токму во шверцот со цигари на релација Црна Гора – Косово – Македонија – Бугарија, тврдеше дека атентатот врз претседателот Киро Глигоров (октомври 1995 година) е резултат на решеноста на шефот на нашата држава да му рече „стоп“ на илегалното движење на акцизни стоки низ земјава. Аврамски вели дека планот за атентатот е интернационален: извршителите биле од Србија, имало логистика и од Бугарија и така натаму.

Ова само ја покажува силата на организираниот криминал на Балканот, каде шверцот е главен партнер на незаситниот апетит на политичките покровители.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ