Велија Рамковски, една од жртвите на режимот на Груевски, сопственикот на телевизија А1,една од жртвите на режимот на Груевски на панелот „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што се одржа во декември 2019 година, раскажува за неколкугодишната семејна агонија во затвор. „28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката. Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен. И после три години Груевизмот ме плаши. Сите нè плаши“, рече Велија Рамковски на панелот на ЦИВИЛ, насловен „Жртви на режимот – сведоштва и слики“.
„Кај секој човек тоа чувство на правда и неправда постои… Покажете дека имате чувство за правда, во дадените можности, ама овде, за нас, е нула. Повелете, народот да види. Нема некој што не ја бара А1. Не ме затоврија само мене, фамилијата и најблиските соработници, им ја затворија на народот и А1… Еве ви господо, одите на избори… направете и нешто за правдата…“, порача Рамковски.