Според експертот за правни прашања, Насер Зибери, вонредната состојба е алатка за владата да може слободно и ефикасно да ја менаџира кризата со донесување на неопходни мерки за кои досега требало да гласа и Собранието, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Во гостувањето на ТВ Шења, Зибери рече дека дополнителните конкретни мерки ќе зависат од развојот на ситуацијата, а најмногу од однесувањето на граѓаните. Полицискиот час не се воведува автоматски, вели Зибери, но до тоа може да дојде само доколку не се почитуват актуелните мерки.
– Граѓаните треба да бидат одговорни и совесни и да ги почитуваат мерките и забраните и да бидат совесни со тоа што ќе ги ограничат контактите и движењата. Доколку тие не ги почитуваат овие правила, Владата ќе биде приморана, за поефикасно менаџирање на ситуацијата, да спроведе и полициски час. Е тогаш, кој го крши полицискиот час, ќе се соочи со построги мерки и парични и кривични, до казна со затвор, изјави Насер Зибери.