Развојот на целата ситуација, проширувањето на корона вирусот и последиците од целата ситуација од секој аспект ќе зависат од совеста на граѓаните, изјави правникот Насер Зибери во емисијата ЕНТЕР на новинарот Арбен Зеќири, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Тој порача граѓаните да бидат поодговорни, за последиците да бидат помали и помеки.
– Ако граѓаните се поодговорни, избегнуваат контакти, се изолираат и не излегуваат без потреба, се знае дека вирусот многу помалку ќе се прошири и институциите полесно ќе се справуваат со ситуацијата. Доколку граѓаните не се совесни, ќе имаме и построги мерки а тоа ќе значи и поголемо ограничување на движењето на компаниите, стоката и другите потреби за нормално функционирање на животот. Тоа, нормално, ќе има поголеми последици и врз економијата, па затоа е потребно совесно однесување на граѓаните и почитување на правилата и мерките, истакна Зибери во емисијата на ТВ Шења.