• Latest

ЦИВИЛ ги додели наградите за највлијателните граѓански новинар(к)и

September 28, 2017
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ ги додели наградите за највлијателните граѓански новинар(к)и

September 28, 2017 13:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска во хотелот „Сити Парк“ ги додели последните пет награди за најуспешните и највлијателните стории на граѓански новинарки и новинари од втората фаза на долгорочниот проект „Граѓански објектив“.

Комисијата на ЦИВИЛ – Центар за слобода на 27 септември 2017 година, ги разгледа и оцени пристигнатите материјали за натпреварот „Биди граѓански новинар” и ги награди петте најуспешни, највидливи и највлијателни стории.

Добитникот на четвртата награда, Дејан Ристов од Велес

Една од двете четврти награди е доделена на Дејан Ристов од Велес за прилогот „Опозицијата проѕирно се обидува да ја дефокусира јавноста“.

Втората четврта награда замина во рацете на анонимната граѓанска новинарка која ја извести јавноста за состојбата на училиштето во село Дрвош – „При реновирано училиште, учениците  користат полски тоалет“.

Третата награда, исто така, е доделена на анонимен граѓански новинар од Велес за прилогот „Партиски потпис за 150 денари!“.

По овој прилог редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, во духот на кооперативното новинарство ја следеше приказната и откри дека поткупот го вршел токму претседателот на споменатата партија. Сторијата е објавена на ЦИВИЛ Медиа.

Добитникот на втората награда, Амед Буцолај

Втората награда ја доби граѓанскиот новинар Амед Буцолај за прилогот „МВР со засилени контроли ги штити младите од насилници“. По овој прилог, контролите на автобуските станици во Скопје, каде често има инциденти меѓу групи ученици се засилени.

Добитник на првата награда, Александар Младеновиќ од Скопје

Првата награда за најуспешен прилог за август и септември е прилогот на Александар Младеновиќ „Еве ти, шарена револуција!“.

Со ова доделување на награди завршува втората фаза на проектот „Граѓански објектив“.

Од први октомври, ЦИВИЛ започнува со третата фаза од проектот, којшто овој пат ќе биде надграден и модернизиран.

ЦИВИЛ ги повикува граѓанските новинарки и новинари да бидат будни и „на готовс“ со своите умни телефони и секако со своите умни глави.

 

Маја Ивановска

Фото: Биљана Јордановска

Tags: влијаниеграѓански новинариГраѓански објективнаградиприлози
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ