• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

ЦИВИЛ и ОДИХР – сличности и разлики

March 16, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ и ОДИХР – сличности и разлики

March 16, 2018 13:49
in ОПШТЕСТВО
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Финалниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР оваа година формално беше одбележан со презентација пред неколку претставници на организации што вршат мониторинг на изборните процеси во Македонија. Додека ОДИХР ги подели препораките  во две категории, приоритетни и други, ЦИВИЛ во својот извештај „Слободни избори 2017“, секоја препорака ја означи како добронамерна и конструктивна критика, но итна и подеднакво приоритетна: „Што треба да се направи, треба да се направи сега“.

Како први на листата се препораките што ОДИХР ги упати до Државната изборна комисија. Како и во минатиот извештај за предвремените парламентарни избори во 2016, останува препораката за ревидирање на Изборниот законик и внатрешната работа на ДИК, со акцент да не се менуваат правилата во тек на изборниот процес, како и подетална процедура за корекција на протоколите за резултатите во ОИК. Еден дел од препораките кон ДИК се во корелација со нивното барање МРТ да обезбеди егзактни временски износи во секои вести, посветени на покривањето на активностите од кампањите на партиите, да се замени со поопшто барање за правичен пристап и информативно покривање на помалите партии и независните кандидати.

ЦИВИЛ смета дека ДИК пред сѐ треба да се оформи најпрвин како квалификувано, професионално тело од независни експерти, а не претставничко тело на најголемите политички партии во земјата и со помал број на членови, односно, според изборните искуства на ЦИВИЛ, ДИК да се намали на седум члена.

Исто така, што се однесува на систематизацијата и длабоката реформа во структурата на ДИК, ЦИВИЛ упатува таа да продолжи со правната служба и изборната администрација, а особено општинските изборни комисии и избирачките одбори.

Во делот кој се однесува на другите препораки, ОДИХР остава простор за подобрување на изборната администрација, регистрација на гласачите и на кандидатите.

Реформи на изборниот систем: една изборна единица; отворени листи; дијаспора; намалување на обемот на парламентот треба да придонесат во елиминирање на недостатоците на изборниот систем, за кои, од друга страна, е потребна политичка волја за да се реализираат. Ваквите реформи, според ЦИВИЛ ќе придонесат на намалување на изборните нерегуларности и демократизација на општеството, а подеднакво се приоритетни и: купувањето гласови, злоупотребата на децата за политички цели, кршењето на изборниот молк, едукацијата на гласачите за нивното гласачко право итн.

Што се однесува до денот на гласање ОДИХР, накратко препорачува да се подбори достапноста до избирачките места и еднаквото право на глас на лицата со попреченост.

Да потсетиме, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, со десет набљудувачи, за прв пат учествуваше во мониторинг на изборите, како дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ. Примарната цел на здружението е создавање на услови за остварување и почитување на човековите права на лицата со попреченост.

И додека во Македонија уште не влегол зрак светлина во медиумскиот мрак, кој се продлабочува секогаш за време на избори, ОДИХР препорачува дека доволно е само МРТ да зајакне како радиодифузен сервис, а АВМУ да се заштити од политички влијанија.

И додека препораката, не толку приоритетна, за финансирање на кампањите, ОДИХР ја сведува на соодветни казни за доцнење на прелиминарните извештаи на политичките партии за финансирањето на нивните изборни кампањи, ЦИВИЛ навлегува во длабинска анализа и препораки во сферата на политичкото финансирање.

Како и во сите претходни извештаи, така и во извештајот од мониторингот на локалните избори, ЦИВИЛ посветува целосно внимание на голем број аспекти на заштитата на правото на глас, кое е фундаментално човеково право. Како и секогаш, ЦИВИЛ беше прва организација која излезе со детален извештај, анализи и препораки од изборниот процес во 2017 година.

Во текот на имплементацијата на активностите поврзани со долгорочниот изборен мониторинг, ЦИВИЛ овозможи целосен и континуиран пристап до информациите од теренот за јавноста, преку медиумската платформа на три јазика (македонски, албански и англиски). Буквално сите човечки ресурси на ЦИВИЛ секојдневно им беа достапни на набљудувачите и аналитичарите на ОДИХР.

Биљана Јордановска

Tags: ДИКнерегуларностиОДИХРправо на гласЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ