• Latest

ЦИВИЛ: И шест години од бруталното убиство на Мартин Нешковски, судството молчи!

June 6, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: И шест години од бруталното убиство на Мартин Нешковски, судството молчи!

June 6, 2017 14:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешното соопштение ЦИВИЛ – Центар за слобода ја потсетува јавноста дека и до денешен ден, иако се навршуваат шест години од бруталното убиство на Мартин Нешковски, за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на градскиот плоштад во Скопје по предвремените парламентарни избори во 2011, сè уште нема правна разрешница и одговорност за функционерите и за сите други инволвирани лица кои учествуваа во прикривањето на ова злосторство.

„Иако во прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ пред две години слушнавме вознемирувачки детали за овој случај,  сè уште нема одговорност на високите функционери во МВР и нивните наредбодавци. Тие два дена се обидуваа да го прикријат овој морбиден настан од јавноста. Нема командна одговорност за неовластеното присуство на службени лица во обезбедувањето на тогашниот премиер Никола Груевски за време на прославата. Нема одговорност за полициските службеници, кои воопшто не го евидентирале убиството во книгата за дневни настани во полициската станица. Нема одговорност за екипата на Брза помош која, исто така, не го евидентирала своето присуство и интервенцијата на лице место врз починатиот Нешковски!“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ бара од надлежните институции итно да го расветлат докрај овој случај, кој остави црно петно во поновата историја на земјава.

„Овој случај сериозно ја поткопа довербата на граѓаните во институциите на системот и сведочи за партизирана полиција и партизирано судство. Шест години по убиството на Нешковски, освен пресудата за полицискиот службеник Спасовски, судството молчи за одговорноста на партиските моќници кои учествуваа во прикривањето на овој случај„, пишува во соопштението.

Иако Специјалното јавно обвинителство неодамна ги превзема објавените материјали за прикривањето на убиството, судски процес за овој случај не е започнат. Во соопштението, ЦИВИЛ апелира до СЈО, темелно да го документира случајот и да покрене соодветни обвиненија за сите инволвирани.

Tags: „прослава“ на ВМРО-ДПМНЕВМРО-ДПМНЕгодишнинаМартин НешковскиНикола Груевскиодговорностприкривање на случајотСЈОУбиство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ