• Latest

ЦИВИЛ: Не смее да се олесни добивањето дозволи за увоз, транзит и реекспорт на оружје!

August 9, 2017

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ: Не смее да се олесни добивањето дозволи за увоз, транзит и реекспорт на оружје!

August 9, 2017 11:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Македонија не ѝ се потребни поедноставувања на постапките за производство и трговија со оружје, туку, напротив, построга контрола на трговијата! И, акции за собирање на нелегалното оружје.

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро реагира по повод барањето на Групацијата за оружје и опрема во рамките на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија за унапредување на дејностите поврзани со производството и трговијата со оружје, експлозивни и опасни материјали, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена.

На Македонија не ѝ се потребни поедноставувања на постапките за производство и трговија со оружје, како што бара Групацијата, туку, напротив, построга контрола на трговијата со оружје! И, акции за собирање на нелегалното оружје.

Димитар Мангутов, претседател на Групацијата за оружје и опрема, на прес-конференција во Комората, изјавил дека компаниите бараат усогласена и јасна регулатива, особено, донесување нов Закон за оружје и опрема, усогласен со европските директиви, за што веќе и доставиле свои предлози до Министерството за внатрешни работи.

Членовите на Групацијата бараат поголема соработка со надлежните државни институции и веќе имаат покренато иницијативи за конкретни средби со ресорните министри од МВР, Министерството за одбрана и Министерството за економија, како и од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Како еден од најголемите актуелни проблеми на Групацијата, оттаму ја истакнуваат невклученостa на домашните компании во тендерите што ги распишуваат македонските министерства. Исто така, од Групацијата посочуваат дека во изминатиот период, многу тешко или никако не можеле да се добијат дозволи (за транзит, увоз, извоз, реекспорт…) кои се во надлежност на Министерството за економија.

Во време кога, според последните истражувања, во Македонија има 24,1 парчиња регистрирано оружје на 100 жители, или речиси секој четврти жител поседува оружје(!?), она што најмалку ѝ треба на земјата е несериозен пристап или поедноставување на процедурите при постапките за производство и трговија со оружје, со што се отвора огромна можност за злоупотреби!

За жал, за разлика од периодот 2002-2006 година, кога Владата беше отворена за соработка со ЦИВИЛ на овие теми, како и со меѓународните институции и организации, како УНДП и ОБСЕ, во периодот 2006-2016 година, темите поврзани со контролата на оружјето беа занемарени, а тоа што се работеше, беше ограничено и го исклучуваше граѓанското општество и јавноста. За постигнување на оваа цел потребно е и јакнење на довербата на граѓанките и граѓаните во институциите и владеење на правото. За жал, незначителниот број на активности на институциите во оваа насока, само ја затскриваат реалноста во која живее општеството.

Tags: барањеГрупацијата за оружје и опремаоружјепоедноставувања на постапкитереакцијаСтопанска комораЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ