ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро ги осудува сите форми на политички екстремизам, политички мотивираното насилство и антисемитизмот во земјава и во светот. Најчесто прикриени, но неретко и директно изразени, фашистичките тенденции и антисемитизмот, како и други облици на политички екстремизам и насилство се силно присутни во македонското општество.
За жал, овие тенденции беа и се својствени на дејствувањето и на дел од политичките елити во Република Македонија во изминатите години.
Затоа, сметаме дека сите слободољубиви граѓанки и граѓани и граѓанското општество мора решително да го кренат својот глас против фашизмот и антисемитизмот во своите средини, а секој акт на политички екстремизам да го осудат и да побараат решителни санкции од страна на институциите на државата.
ЦИВИЛ ја поддржува иницијативата на UNITED – Европска мрежа против национализмот, расизмот и фашизмот, за поддршка на мигрантите и бегалците , која 9 ноември го одбележува како ден на антифашизмот.