• Latest

ЦИВИЛ отвора нови работни позиции

July 14, 2017
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ отвора нови работни позиции

July 14, 2017 19:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода објави дека се отворени позиции за волонтери и хонорарни соработници на проекти. Повикот започнува со прашањата: Сакате да дејствувате како слободни граѓанки и граѓани? Сакате да влијаете на јавното мислење и на реформските процеси од независна и објективна позиција? Не сакате да заглавите во бирократска и фолирантска квази-организација? Сакате да бидете одговорни и корисни за општеството? Во  потрага сте по нови вештини? Ви треба простор за вашата креативност? Имате потреба и желба да придонесете кон враќање и изградба на демократијата во Република Македонија?

Одговорот гласи: Биди ЦИВИЛ!

На ЦИВИЛ му се потребни прогресивни, сестрани, активни и објективни луѓе, со искуство во некоја од областите: истражување, мониторинг, новинарство, односи со јавноста, а пожелни се вештини со камера, монтажа, дизајн, мултимедија, и слични квалификации.

ЦИВИЛ ги поканува сите свесни и активни граѓанки и граѓани да се вклучат во организацијата со Изјава за поддршка, а доколку имаат потреба за волонтерска или хонорарна позиција во проектите на ЦИВИЛ, треба да испратат кратка биографија (макс. 1 стр.) и мотивациско писмо (макс. 150 збора). Во мотивациското писмо опишете ги мотивите и подготвеноста за исполнување на работни обврски заедно со тимот на ЦИВИЛ, како и по неколку збора за искуствата, вештините и областите во кои би сакале да имате дополнително менторство во текот на работата. ВАЖНО: Ако сте биле дел од семинар или некоја друга активност на ЦИВИЛ, а не сте пополниле Изјава за поддршка, наведете го времето и местото на таа активност во мотивациското писмо.

Краен рок за поднесување апликации во оваа фаза е 15 август. Ќе се разгледуваат исклучиво апликации пристигнати по електронска пошта. E-mail: desk@civil.org.mk. Доколку не добиете повратна порака дека апликацијата е пристигната, ве молиме, јавете се на 02/5209176 или напишете ни порака на нашата ФБ страница.

Што се однесува до активностите на организацијата во кои заинтересираните би можеле да се вклучат како волонтери или хонорарни соработници, во ЦИВИЛ објаснуваат дека во организацијата се спроведуваат активности кои вклучуваат мониторинг, истражувања, анализи, продукција на медиумски содржини на теми соодветни на проектите и основните документи на ЦИВИЛ; активизам и граѓанска едукација; претставување на ЦИВИЛ во јавноста; мониторинг и комуникација со институциите, политичките партии, граѓанското општество, меѓународната заедница итн.

Понатаму, во повикот се објаснува дека во ЦИВИЛ секојдневно се продуцираат вести, анализи, интервјуа, репортажи итн. Содржините се објавуваат во сите формати (видео, фото, аудио и текст) на повеќе веб страници и на социјалните мрежи.

Зависно од потребите и интензитетот на проектите, дел од апликациите ќе водат до учество во проектите на ЦИВИЛ на волонтерска основа, но и на хонорарна соработка со секојдневен или повремен ангажман на определено време, зависно од проектите и другите потреби на организацијата. Работата и позициите во ЦИВИЛ се динамични и интересни, така што волонтерски статус може лесно и брзо да биде заменет со сериозна позиција во некој од многубројните активности и проекти на организацијата.

Повеќе за условите под кои може да се аплицира за позиции во ЦИВИЛ, може да се прочита ТУКА.

Tags: @активизамангажманпродукцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ