• Latest

ЦИВИЛ повикува на акција!

September 27, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ повикува на акција!

September 27, 2017 15:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 ЦИВИЛ – Центар за слобода преку денешното соопштение испрати покана до сите заинтереирани да бидат дел од мониторинг-тимот и заедно да придонесат кон спроведување на слободни избори.

Во соопштението се вели: „Сите набљудувачи на ЦИВИЛ ќе поминат низ четиричасовна обука на 30 септември и на 1 октомври, во две смени, од 10 до 14 часот и од 14:30 до 18:30 часот.

На семинарот задолжително треба да носите лична карта и трансакциска сметка.

Услови за спроведување на работните обврски на набљудувачи на ЦИВИЛ се: набљудувачите на ЦИВИЛ немаат партиски или друг ангажман за набљудување на изборите и го спроведуваат изборниот мониторинг само за ЦИВИЛ. Набљудувачите на ЦИВИЛ строго се придржуваат кон принципите за непристрасност и неутралност, ги следат упатствата и налозите од организацијата и го спроведуваат мониторингот на изборите во согласност со Изборниот законик и Кодексот за набљудување. Извештаите се прецизни и веродостојни, поткрепени со факти.

Набљудувачите на ЦИВИЛ се мобилни и се ставаат на располагање според планот за изборен мониторинг, на локации кои ќе им бидат соопштени непосредно пред денот на изборите. Набљудувачите на ЦИВИЛ ја почитуваат тајноста на податоците и информациите добиени во текот на работата во ЦИВИЛ, за што секој/а набљудувач/ка е одговорен/одговорна, според соодветните закони за чување на службена тајна. Не е дозволено споделување информации со медиуми или други организации.

Мониторингот на изборите се спроведува преку долгорочни набљудувачи, како и преку соработничката мрежа од активисти, дописници и граѓански новинари. На денот на гласањето, сите ќе бидат акредитирани од ДИК.

Исто така, ЦИВИЛ веќе две години го спроведува проектот „Граѓански објектив“, проект за транспарентни и одговорни политики, преку кој се јакне граѓанското новинарство, преку кој досега беа наградени над 60 граѓански новинарки и новинари.

Сево ова подразбира дека вашиот ангажман и соработка со ЦИВИЛ не мора да се ограничи на мониторинг на изборниот процес, туку може да започне сега, додека ја читате оваа порака и да трае до завршување на проектите до крајот на 2018 година.

Извештаите кои ќе бидат побарани од Вас се лесни за подготовка, а доколку бидат прифатени и одобрени, може да бидат хонорирани со 1.000 денари бруто, без ограничување на бројот на извештаите.

Ви стоиме на располагање за било какви прашања, консултации  и информации. Можете да нé контактирате на тел. 02/5209 176.

И не заборавајте! Можете да нè следите на нашата и вашата Фејсбук страница, како и на Фејсбук страницата Слободни избори или на Twitter.

Останете активни онлајн, споделувајте, коментирајте, информирајте…“, се вели во соопштението.

 

Tags: активистиграѓански новинариГраѓански објективдописнициЛокални избори 2017набљудувањеСлободни изборисоопштениеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ