• Latest

ЦИВИЛ со работилница за меѓусекторска соработка во Куманово

March 9, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ со работилница за меѓусекторска соработка во Куманово

March 9, 2018 09:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја организира работилницата „Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ денеска, 9 март 2018 година, во салата за конференции во Комитетот, Куманово, со почеток во 14 часот.

Работилницата е посветена на можностите за меѓусекторска соработка и партнерства меѓу граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии во сферата на граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Оваа работилница е подготовка за конференцијата посветена на Граѓанската повелба, предвидена за 28 март. Активностите поврзани со Граѓанската повелба веќе ги поддржаа градоначалникот Максим Димитриевски, како и советот на општината, неколку медиуми и граѓански организации од Куманово. Се очекува учество на нивни претставници на работилницата.

„Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ ќе продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден поинаков начин. Со проектот ќе се истражат можностите за воспоставување меѓусекторска соработка и партнерства за усвојување и доследно спроведување на Граѓанската повелба.

Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.

Граѓанската повелба ќе биде промовирана и преку информативни штандови и анкети со граѓанките и граѓаните во Скопје и во Куманово. ЦИВИЛ го преведе овој документ на повеќето јазици кои се говорат во Република Македонија и ги достави до сите меѓународни организации кои ја предводат оваа глобална иницијатива. Дел од овие повеќејазични материјали на ЦИВИЛ се веќе објавени на повеќе веб страници низ светот.

Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.

Tags: Граѓанска повелбаКумановоМаксим ДимитриевскиопштинаЦивил
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ