„Акција за демократска, ненасилна општествена промена“ е насловот на целодневната работилница во организација на Фондацијата Хајнрих Бел – Бих, Македонија, Албанија што се одржа во Сараево на 7 декември. Предавач на работилницата беше Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Со оваа работилница се настојува да се изнајдат алтернативните решенија за проблемите во босанско-херцеговското општество и да се осмислат модалитети за општествено-политичко дејствување за промени.
Појдовна точка на работилницата е јакнење на јавната свест за длабоката поврзаност на социјалните и „зелените“ општествено-политички сфери, а од таму и потребата за нивно поврзување во областа на граѓанското дејствување. На работилницата учествуваа повеќе партнерски организации на Фондацијата од целата земја.
ЦИВИЛ е партнерска организација на Фондацијата Хајнрих Бел.