Тимовите на ЦИВИЛ денеска се на терен во југоисточниот регион на земјата. Граѓанките и граѓаните на Радовиш, Василево, Босилово и Ново Село ќе имаат можност да ги посетат инфо штандовите и да се запознаат со пораките и содржините на проектот Слободни медиуми за слободно општество.
На штандовите ќе се делат бесплатни примероци од њузлетерите „Слободно општество“ во кои се обработуваат темите на проектот, а во директна комуникација со нив ќе се разменат информации за локалните состојби, за работата на институциите и почитувањето на човековите права и слободи.
Истовремено, во Струмица ќе се одржи јавна презентација на проектот, каде учесничките и учесниците ќе се запознаат и со можностите за соработка со ЦИВИЛ и учество во активностите и во медиумската продукција на ЦИВИЛ Медиа.
Проектот Слободни медиуми за слободно општество се спроведува од јули 2017 година, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
М.Л.