• Latest

ЦИВИЛ: Нема да ги заборавиме неделата против демократијата, човековите права и достоинството на граѓаните!

March 13, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ: Нема да ги заборавиме неделата против демократијата, човековите права и достоинството на граѓаните!

March 13, 2017 17:31
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„ЦИВИЛ – Центар за слобода со години се соочува со жестоки притисоци и црна кампања кои имаат цел да ја скријат вистината за тешката состојба со човековите права, за кои известува организацијата во континуитет, со години наназад. Ова е обраќање до сите кои со своето дејствување се обидуваат да му наштетат на угледот и на длабоката доверба која ЦИВИЛ ја ужива од целокупната јавност, од сите граѓанки и граѓани на Република Македонија. Денеска им се обраќаме директно и јавно, не затоа што овие факти и ставови не се познати, туку за и нив да ги потсетиме – дека нема да ги заборавиме нивните недела против демократијата и човековите права и против достоинството на огромен број луѓе во нашата земја“, се вели во денешното соопштение на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ја осудува секоја постапка на кршење на законите и на Уставот, секаков вид на говор на омраза, лага и клевета, без оглед на тоа дали се работи за претседателот на Македонија, било кој лидер на партија или медиум: „Тоа сме го докажале многупати досега и ќе продолжиме на тој начин. Тоа се однесува и на секој што има релација со ЦИВИЛ, без оглед на тоа дали е раководител, член, соработник, поддржувач или набљудувач“.

„Сите се еднакви пред законот. Сите се третираат подеднакво и според Статутот и Кодексот на ЦИВИЛ. Тоа го знаат сите граѓанки и граѓани на Македонија, дури и оние за кои мислите дека сте ги убедиле во лагите кои треба да ги одбранат вашите газди. Пренесете им на вашите газди дека нема да дозволиме да го одвлечат вниманието од одговорноста за корупцијата, изборната измама и за суровоста со која владееја 11 години. Нема да ви успее да ги тргнете очите на јавноста од сето зло во кое учествувавте како верни пци!“, се вели во соопштението кое е своевиден проглас на ЦИВИЛ до јавноста.

„Допрва ќе го жнеете тоа што сте го посеале! Допрва ќе видите што предизвикавте со своето неодговорно, непресметливо и злобно однесување. Вие сте олицетворение на говорот на омраза и на црната пропаганда. Ние ќе ви возвратиме со вистина, професионализам, објективност, но и со силата на законот. На заштитата што ја имавте долги години од контролираното судство ѝ се бројат деновите“, категорично се порачува во соопштението на ЦИВИЛ.

Tags: говор на омразадовербакодекспритисоцисоопштениеЦивилцрна кампања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ