• Latest

Живко Митревски се претставува како претседател на ССМ

July 10, 2017

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Живко Митревски се претставува како претседател на ССМ

July 10, 2017 18:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Живко Митревски и денеска во Сараево, на Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан, се претстави како лидер на Сојузот на синдикатите на Македонија, иако пред два месеца, Врховниот суд му наложи на Управниот суд, Дарко Димовски да се впише во Централниот регистар како в.д. претседател на ССМ. Адвокатот на исклучените синдикати од ССМ: УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, вели дека во Обвинителството се водат две кривични постапки, коишто сè уште немаат епилог.

„Никој никого во оваа држава не почитува. Не се почитуваат решенијата, ниту на управните органи, ниту на судовите. Со решенијата што ги носат министрите, не се воспоставува определен статус. Регистрите за синдикатите ги води Министерството за труд и социјална политика. Со одлука на мнозинството членови на Советот на ССМ, Дарко Димовски е избран за в.д. претседател, а Живко Митревски е разрешен. Од 51 член, 28 гласале ‘за’ Димовски, поточно да се разреши Митревски. Министерството донесе решение според кое новата состојба треба да се внесе во Централниот регистар. Но, Централниот регистар одбива да го изврши уписот и тогаш започнуваат сите проблеми. Поднесовме неколку кривични пријави против Митревски, но и против министерот Ибрахим Ибрахими, поради непочитување на законските одредби за употреба на службената положба“, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ за ЦИВИЛ Медиа.

Епилогот на оваа „претседателска игра“ ќе се знае по одлуката на Обвинителството, што работи на тие предмети во моментов и во зависност од одлуката на Управниот суд.

„Во едниот предмет, Обвинителството постапува брзо, итно… Но, никако Управниот суд и другиот предмет во Обвинителство да добијат разрешница. Функционирањето на судството се пренесува на сите, дури и на управните органи и други органи и организации што носат решенија. Буквално, судството е блокирано. Се работеше со двојни аршини, за поткрепа на некои партиски интереси, буквално беа заробени институциите. Кога сето тоа, требаше да се разреши, се случуваа опструкции на најразлични начини, како што и сега се случува во Собранието, како што беше и ‘крвавиот четврток’ и немаше разрешница, истата состојба е и сега, во овој случај“, коментира Давидовиќ.

Според него, иако Македонија има нова Влада, судската власт сè уште не функционира.

Сараево, 10, јули, 2017, Форум на граѓанско општество на Западен Балкан: Митревски се претставува како претседател на ССМ.

„Владата е политички орган и извршна власт, за жал, судската власт сè уште  не функционира, никакви промени, ниту реформи во судството, досега не се направени. Судиите кои што тогаш беа, и сега се на чело. Тие не само што ја штитат врхушката на опозицијата, се штитат и себеси. Со разрешување на Јавниот обвинител и нови законски измени, се надевам дека ќе се постигнат очекуваните реформи во македонското судство“, заклучува адвокатот Давидовиќ.

„Добро се сеќавам кога медиумите објавија дека Врховниот суд донесе одлука во полза на синдикатите кои Митревски ги избрка од ССМ, за да ја одбрани својата скапа фотелја, платена од потта на работничките и работниците. Со тогашната одлука на Врховниот суд, Централниот регистар требаше да го впише Дарко Димовски како претседател на ССМ. Значи, Митревски не е претседател на ССМ, од кој направи своја приватна империја, послушна само на Груевски. Со своето однесување, тој се однесува како оној кому верно му служеше осум години. Како што Груевски не сака да се помири со тоа дека не е премиер, така и овој не сака да се помири дека веќе не може да ги претставува работничките интереси“, изјави Џабир Дерала во телефонското јавување од Сараево, каде што го претставува ЦИВИЛ на Форумот, на кој Митревски се претставува како претседател на ССМ.

Моника Талеска

Tags: Давидовиќдвојни аршиниДералаДимовскизаробени институцииМитревскинова владареформиСараевоССМсудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ